2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Проверка на факти: Ковид19

Објава на Фејсбук објавува дезинформација дека 17 деца во Индија починале и уште 2.000 деца страдаат од инфламација на организмот, откако примале ковид-19 вакцина. Нашата проверка покажа дека веста за починатите деца е точна, но не е вистина дека починале од вакцина против коронавирус.

Тоа што го соопштува насловот како информација, не може да се најде во содржинскиот дел на текстот што се споделува на Фејсбук. Податоците од истражувањето, пренесено во написот, покажуваат дека дури и вакцинираните може да појават симптоми односно да се заболат, со тоа што вакцините спречуваат развивање на потешка клиничка состојба, хоспитализација и смрт од овој и другите соеви на коронавирусот. Заклучокот, пак, изнесен во насловот дека „има луѓе на коишто делта сојот на вирусот не им може ништо“, е паушален и неточен

Со вакцинирањето телото нема да ви се претвори во магнет, затоа што во составот на вакцините нема никакви метали. Од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) потенцираат дека не е точно оти вакцинирањето ќе ве направи магнетни, вклучително и на местото на вакцинацијата, односно раката. Вакцините против ковид-19 не содржат состојки што можат да создадат електромагнетно поле на местото на инјектирање. Без оглед на тоа колку онлајн видеа и фотографии сте виделе на луѓе кои лепат лажици, клучеви и останати метални производи на нивните лица, магнетите не функционираат така. Лепењето на тие предмети може да биде од неколку причини што немаат никаква врска со вакцините, како, на пример, човечката пот

Објава на Фејсбук неточно тврди дека со вакцината се менува ДНК на примателот. Во постот е испуштено да се наведе дека спајк протеинот, кој се создава после вакцинацијата, не е ист ни по квалитет, ни по квантитет со спајк протеинот на коронавирусот

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани