АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во Битола 13 новозаболени од ковид-19, а 10 излекувани. Новите случаи се на возраст од 23 до 68 години, од кои пет лица даваат податок за контакт со позитивно лице (две лица од фамилијарен контакт и три лица од контакт со веќе регистрирано позитивно лице). Од Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 во:
Во моментот хоспитализирани се 39 пациенти болни од ковид-19 на Инфективното одделение при Клиничка болница Битола, а директорката Билјана Гагачовска изјави дека има уште слободни места и дека раководството има и планови за понатаму доколку бројките на хоспитализирани лица продолжат да растат.
Во Битола денеска нема новозаболени од КОВИД-19, а оздравени се 2 лица. Има 102 активни случаи, а на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, хоспитализирани се 32 пациенти.