2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Еден болничар на Хируршкото одделение во Битолската болница е позитивен, а двајца негови колеги се во изолација, соопшти минисерто за здравство Венко Филипче.

Аплаузи и благодарници за здравствените работници беа доделени денес, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил. Благодарници добија и здравствените работници од Клиничката болница од Битола кои храбро се бореа да ги излекуваат пациентите од КОВИД-19. 

,,На денешниот Светски ден за хигиена на рацете доделивме благодарници на медицинските тимови кои несебично и посветено се грижеа за пациентите заболени од КОВИД-19. На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ГОБ 8 Септември, КБ Битола, КБ Штип и ОБ Дебар се слушаа и гласни аплаузи за овие наши херои", напиша Филипче.

Тој потенцира дека миењето раце и одржување хигиена е клучно за спречување на ширењето на вируси.

,,Ова е меѓу првите препораки кои ги дадовме и останува основен и најсигурен механизам за заштита од КОВИД-19. Чистите раце спасуваат животи", напиша Филипче.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани