2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со новиот ректор на битолскиот универзитет, проф. Д-р Игор Неделковски.

Градоначалникот на Престолнината Цетиње Александар Кашќелан, заедно со висока делегација од Црна Гора и амбасадорката на Црна Гора во земјава, денеска беше во официјлна посета на Општина Битола и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.  Ова е прва официјална средба на Петровска и Кашќелан, по минатогодишното електронско збратимување на Битола и Цетиње. 

Слика каква ретко може да се видим меѓу македонските политичари, без при тоа да се наместат  и да позираат пред фоторепортерите. За време на изборната кампања во Битола, деновие во паркот кај Сатот случајно се сретнаа претставници на најголемите политички ривали, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ,  и срдечно се отпоздравија, при тоа почитувајќи ги препораките. Фотографите и снимателите веднаш се фатија за работа, да ги овековечат ваквите ретко моменти.

Досегашните активности и плановите и перспективите за идна можна соработка на повеќе полиња меѓу Општина Битола и Генералниот конзулат на Бугарија, беа тема на првата работна средба меѓу градоначалничката Наташа Петровска и новоназначениот конзул Димитар Иванов, кој е на оваа должност само седум дена.

Приоритет на Владата и локалната власт е економскиот напредок, создавање европски општини, со најдобри услови за граѓаните. Клучни во оваа насока се растот на платите  и изградбата на инфраструктурни проекти во Битола, рече министерот за финансии Драган Тевдовски, на денешната средба  со градоначалничката Наташа Петровска.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани