Од денес попладне до недела, под влијание на циклонска активност, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.
Во овој период на места ќе наврнат и над 40 л/м2.
Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој дел од годината.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
ИЗВОР: УХМР