2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

МОТИВИРАЧКИ СТАРТ на проектот за Зајакнување на младите во Пелагонија 2

Јануари 27, 2023

Над 50-тина млади од сите 9 општини во Пелагонискиот регион со голем ентузијазам го означија почетокот на нивното двегодишно дружење со очекување дека на крајот од проектот ќе можат многу поуспешно да влијаат врз општините и институциите на регионално ниво и да ги наметнат своите идеи за развој на местата каде што живеат.

про2

Проектот „Зајакнување на младите во Пелагонија 2“ на младите ќе им пренесе знаење преку иновативни работилници на отворено, јавни дебати без предрасуди, симулации на седници на Совет, обуки и тренинзи на теми за личен развој кои ќе ги одржат домашни и странски експерти. Повеќето млади за првпат ќе учествуваат во проект надвор од училниците или предавалните во редовното образование затоа што во помалите и рурални општини речиси и да нема неформално образование и активности за развој на младите луѓе. Дополнително, со проектот 14 млади луѓе ќе добијат шанса за платено практиканство во јавниот и бизнис секторот како и во граѓанските организации.

про3

Про Локал, организацијата која го води проектот, со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија и пелагониските Општини, ќе реализираат и 9 инфраструктурни објекти од помал обем по предлог на младите од секоја општина.

Проектот е продолжување на активностите од мината година во која исто така група од 50 млади луѓе поминаа интензивен едукативен процес за трансформација од пасивни млади во активни агенти на промени.

про4

про6

Предизвиците со кои се соочуваат младите од руралните места се различни од оние на младите луѓе во урбаните средини и токму затоа во рамките на проектот се креира Регионална платформа за млади во која членуваат сите 9 општини и 9 граѓански организации со мандат заедно да ги решаваат проблемите кои ќе ги идентификуваат младите.

Про Локал и локалните партнери: Еко Герила Преспа, Европска Гледна Точка, Волвокс Битола, Центар за креативни индустрии НЕБО, Младински Совет Прилеп, Младинско Здружение Пелагонци Етнос неформалните групи на граѓани Empowering Krushevo и Урбано гнездо од Кривогаштани ќе го имплементираат овој регионален проект во наредните две години.

про5

про7

про9

про10

про11

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани