2win800x200

Сребрен медал за Искра Нечаковска на Европската олимпијада по физика во Шведска

Јуни 16, 2026

Сребрен медал за Македонија на Европската олимпијада по физика!

 

Од 12 до 16 јуни во Гетеборг, Шведска, се одржа 10. Европска олимпијада по физика (EuPhO), на која Македонија се претстави со тим од пет ученици.

 

Со особена гордост информираме дека Искра Нечаковска, ученичка во IV година во СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола, освои сребрен медал, со што постигна еден од најзначајните успеси на македонските ученици на ова престижно меѓународно натпреварување. На свечената церемонија во Гетеборг, медалот на Искра Нечаковска ѝ беше врачен од шведската министерка за образование и наука, Lotta Edholm.

 Можно е да е слика од текст

Останатите членови на македонскиот тим беа:

 

• Андрија Младеновиќ, III година, ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје

• Даниел Христовски, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

• Марко Серафимовски, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

• Михаил Шапчески, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

 Можно е да е слика од текст

Водачи на тимот беа:

• проф. д-р Ирина Петреска – раководител на Институтот за физика и член на Комисијата за натпревари при ДФРМ

• Јан Стојановски – студент на Институтот за физика и поранешен олимписки натпреварувач

 

Посебна благодарност до Институтот за физика и Природно-математичкиот факултет – Скопје, кои и оваа година ги отстапија своите простории за подготовка на тимот, како и до сите кои одвоија дел од своето слободно време и работеа на подготовките на учениците.

 

Друштвото на физичарите на Република Македонија им честита на сите членови на тимот, а особено на Искра Нечаковска за освоениот сребрен медал, и им посакува уште поголеми успеси во иднина!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани