Утре врнежи од снег

Јануари 03, 2018

По убавото  време и невообичаено високите температури  за овој период од годината, метеоролозите од утре најавуваат снег.

 

Врнежите ќе започнат уште во текот на ноќта, а во западните делови од земјава ќе се формира и снежна покривка, која на повисоките места ќе достигне и до 10 цм.

Сепак, врнежите ќе престанат на пладне, а во текот на денот  ќе дува и засилен северозападен ветар.

Минималната температура во Битола утре ќе биде 1 степен, а максималната 7  целзиусови степени.

 Во наредните денови  времето ќе биде  суво и стабилно, со магла во котлините.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани