2win800x200

Метеоаларм: активирана портокалова алертна фаза за опасност од високи температури

Јуни 23, 2021

 

Времето денес (23.06.2021 год.): Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. УВ=9

 Од утре и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени.
Најтопло ќе биде во четврток и петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-от степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.

Извор: УХМР

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани