Webp.net gifmaker

За една недела во Битолско на терен вакцинирани скоро илјада жители

Јули 18, 2021

Помина првата недела од теренската вакцинација низ руралните население места во Битолско. Според официјалните податоци од 12 до 17 јули беа вакцинирани 945 лица. Во истиот овој период на вакциналниот пункт во спортската сала на медицинското училиште во Битола, каде се изведува масовната вакцинација се аплицирале 4258 дози со вакцини против коронавирус.  Утре, 19 јули, продолжува теренската вакцинација во Горно Оризари, Кукуречани, Крклино, Раштани, Драгожани, Секирани, Габалавци  и Црнеец. Во сите овие места вакционацијата ќе се одвива во училиштата, освен во Црнеец во Домот на месната заедница.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани