2win800x200

"Стрежево" ги донираше непродуктивните новогодишни трошоци за лекување на млада битолчанка

Декември 22, 2021

"Стрежево" непродуктивните новогодишни трошоци  ги донира за лекување на млада битолчанка, соопштија од ова јавно претпријатие. Директорот Менде Гаматковски и ја врачи донацијата на оваа самохрана мајка на која и се потребни финасиски средства за лекување за повторно да  застане на нозе.

 
-Денес дониравме финансиски средства за лекување на млада битолчанка, со надеж да помогнеме една храбра, самохрана мајка да може да продолжи по својот животен пат и покрај сите пречки и предизвици.
 Стрежево е општествено одговорно претпријатие и хуманите практики се вредности кои се наша трајна заложба.
 Во овие моменти нашата заедничка помош и е повеќе од потребна, и сега е вистинскиот момент кога треба да сме обединети со заедничка хумана цел.
 Во време на новогодишни празници да не ја загубиме вербата во човечноста и заедно, сплотени да и помогнеме на Мери повторно да зачекори, соопшти Граматковски
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани