2win800x200

Шест новозаболени се регистрирани денеска во Битола, со што бројот на позитивни се искачи на 122. Болеста е активна кај 64 лица.

Двајцата новозаболени од Битола регистрирани во денешната статистика на Министерството за здравство се на возраст од 18 години, информираат од Центарот за јавно здравје . Овие два нови слуачи се  меѓусебно поврзани, а и поврзани со претходно регистрирани позитивни случаи.

На денешниот состанок на Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, одржан со Кризниот штабот според информацијата на директорката на Центарот за јавно здравје, Елизабета Крстева, беше констатирано дека, минатата недела забележано е мало зголемување на бројот на заразени лица со КОВИД 19 во Битола. Присутна е појава на асимптоматски случаи, а возрасната граница кај заболените во Битола се спушта, така што заболуваат и сограѓани на возраст помеѓу 20 и 30 години, информираат од Општина Бииола.

Тројца од заболените  кои вечера се регстрирани во Битола како  позитивни на КОВИД 19 се  поврзани со преходни заразени, а за два последни случаи не може да се детектира изворот, одгворија од Министерството за здравство на прашањата на апла.мк

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани