2win800x200

Пелистер и Потпелистерието не само што се инспиративни за создавање прекрасни фотографии, туку се и видиковци со раскошна панорама каде и да застанете.

Овие  фотографии со изгрејсонце  над Битола, направени се утрово од Пантелејмон Трпчевски од потпелистерското село Брусник. 

Општинскиот кризен штаб во Битола денеска формираше  12 екипи со 12 пумпи за превентивно делување на терен доколку има ново невреме. 

Четворица новозаболени и тројца оздравени од КОВИД-19 се регистрирани во Битола во денешниот здравствен билтен. Со ова бројот на заразени во Битола се искачи на 59. 

Ова досега е најголема бројка на позитивни регистрирани во нашиот град во еден ден.

Тројцата позитивни на КОВИД-19 регистрирани денеска во Битола, не се поврзани со веќе познат кластер, информираат за апла.мк од Министерството за здравство.

Тројца новозаболени се регистрирани во последните 24 часа во Битола, со што вкупниот број на заразени од КОВИД-19 е 55. Во здравствениот билтен има и двајца оздравени битолчани

Во Ресен има 5 позитивни лица и 11 оздравени

Во последните 24 часа во земјава направени се 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19

 
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино. 
 
 
Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани  од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани