2win800x200

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколницата Битола е нормализиран за сообраќај.

– На делот на свлечиштето ќе се изведуват градежни работи, за таа цел ќе биде затворена едната лента во должина од 200 метри. Поради тоа сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента за што е поставена содветна светлосна сигнализација (семафори) која ќе го регулира сообраќајот, соопшти ЈП „Македонија пат“.

 

Полицијата го утврди идентитетот на разбојникот кој вчеравечер прво извршил разбојништво и кражба во колонијална продавница во Битола, а подоцна во престрелка со припадници на полицијата бил ранет и пренесен во Клиничка болница-Битола на лекување.

Инспекторот за државни патишта, Сашо Здравевски, во телефонски разговор рече дека од фирмата изведувач „Илинден“-Струга  го известиле дека се набавени нови семафори по кражбата на двата семафора во изминатата недела и прашање е на часови кога АМСМ ќе извести дека обиколницата е пуштена во сообраќај. Фотографии од новите семафори на обиколницата на својот фејзбук профил објави градоначалничката Нашата Петровска и напиша - „Семафорите на обиколницата повторно поставени. Растеретувањето на сообраќајот - ветено, реализирано. По втор пат“.

 
 ТЕРА телевизија е една од првите приватни комерцијални ТВ станици во Република Македонија. Започна со емитување на сопствена програма на 07 Април 1993 година. Првите неколку години како локална ТВ станица која го покриваше со својот сигнал градот Битола, а од 1996 година со пoставување на дополнителна предавателна мрежа ја прошири својата видливост покривајќи го Пелагонискиот регион.

Едно лице е повредено во сообраќајната незгода што попладнево се случи во близина на кукуречанската клучка. При судир на камион, сопственост на "Македонија пат"  и автомобил марка "форд ескорд", со повреди се здобил возачот на автомобилот, а неговиот сопатник и возачот на камионот минале без повреди, информираат од СВР Битола.

63 годишниот возач е префрлен во битолската болница.

По извршениот увид, сообраќајот на патот кој беше затворен, сега е нормализиран.

IMG a67294481850827f2062ad3a9ebc786f V

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани