2win800x200

Одржана шеста седница на Собранието при Здружението на пензионери од Битола

Декември 25, 2020

Собранието при Здружението на пензионери од Битола денес ја одржа шестата седница на која беа усвоени програмата за работа во 2021 година, финансискиот план за следната година и програмата за работа на Надзорниот одбор.

„Финансискиот план е како и во претходната година бидејќи во бројот на пензинери нема голема разлика. Приходите се главно од членарината на пензионерите и мал дел приход од кирии од осум станови кои ги има Здружението и еден деловен простор“, рече Крсте Белевски, претседател на Собранието.

Од понеделник раководството на Битолското здружение ќе се сретне со претставници на Шумското претпријатие во Скопје за да се дефинираат подробностите околу уписот на дрва за огрев за 2021 година.

„Во понеделник со претседателот Томе Димитровски имаме таква средба во Скопје. Веќе е испратена понуда за количина на дрва за следната година, ќе ги дефинираме работите и по празниците ќе објавиме дека ќе започнеме со упси на пензионери кои преку Здружението сакаат да си набават дрва за одгрев за следната зима“, рече Белевски.penzio3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани