2win800x200

ЈП„Стрежево“ нема да купува новогодишни календари и нотеси, средствата ќе ги донира на деца со аутизам

Декември 21, 2020

 

Стрежево нема да купува Новогодишни календари и нотеси, средствата ќе ги донира на деца со аутизам.
Новогодишните празници се традиционално време на дарување, а „Стрежево” одлучи со хуманост да ја испрати 2020 година, во која заради епидемијата на коронавирусот, сфативме дека поддршката кон општеството е најпотребна, велат од ова јавно претпријатие.
-Денес, со цел да ги развеселиме и стоплиме срцата на децата со аутизам, во овие студени зимски денови, им доделивме финансиски средства и новогодишни подароци.
Ваквиот настан е во насока на заложбите на претпријатието да се демонстрира хуманост, социјална инклузија на сите членови на општеството, но и да се посвети внимание на оние на кои им е потребна топлина, разбирање и поголемо внимание во пресрет на престојните празници” - изјави директорот Менде Граматковски.
Средства се обезбедени од сопствени ресурси, преку пренамена на предвидените средства за рекламен новогодишен материјал, а со цел да придонесеме дечињата да почуствуваат дел од празничната магија на Новогодишните и Божиќните празници.
Апелираме сите институции да го следат нашиот пример, бидејќи секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови, велат од ЈП Стрежево.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани