2win800x200

Директно

Утре Ски центарот „Копанки“ на Пелистер е домаќин на два истовремени настани „Пелистерскиот велеслалом“, традиционален алпски куп за деца од 6 до 16 години, во организација на Агенцијата за млади и спорт со техничка поддршка на Ски клубот „Пелистер“ и  хуманитарниот ски - настан со мото: „Излези од маглата и дојди на О2 "во организација на Ротаракт Клуб Скопје-Центар. Двата настани почнуваат во 10 часот.

Битолчанецот Константин Шкодрану по професија фармацевт, пред повеќе од еден век имал самостојни изложби во Фиренца, Италија, ја насликал Влашката црква во Битола, а во градските куќи оставил ѕидно сликарство со мотиви од Венеција. Ова е уште еден уметник од крајот на 19 и почетокот на 20 век кој докажува дека Битола се развивала по европски терк.

190 милионер на Државна видеолотарија е Мaрјан Силјаноски од Брвеница. Тој го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија вреден 1.611.875,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена Клуб Спорт 77 Евротип во Брвеница на 26.02.2019.

Сојузот на спортови на Битола ги прогласи најуспешните спортисти на нашиот град за минатата година. Доминираше ракометот, па сосема очекувано репрезентативецот Филип Кузмановски од Еурофарм Работник е победник во изборот.

Нов милионер на Државна видеолотарија е Миле Тодоровски од Новаци. Тој го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија вреден 1.590.614,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена Клуб Спорт 77 Евротип во Новаци.

Општина Битола ги почна процедурите за формирање на јавно претпријатие кое ќе стопанисува со паркинзите во градот. Истекува рокот од договорот на „Градски паркинзи“ на фирмата „Стентон градба“ да управува со паркинзите, а тоа значи дека парите од паркинзите од налето ќе влегуваат во касата на општината и ќе се трошат за потребите на градот.

Во завршна фаза се преговорите меѓу двете Министерства за надворешни работи за отворање на граничниот премин Маркова Нога, најави Радмила Шеќеринска, заменик претседател на Владата и министер за одбрана на трибината во Битола.

За две недели се очекува да биде објавен тендер за реконструкција на електростатските филтри во РЕК Битола со што ќе се намали испуштањето на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките во воздухот, најави Радмила Шеќеринска, заменик претседател на Владата и министер за одбрана на трибината во Битола кога од граѓаните беше запрашана што ќе се преземе за да се намали загадувањето.

Безмалку половина век минат со виолинските струни

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани