2win800x200

Директно

Општина Битола му испрати известување на изведувачот МС КОНСТРУКТОР ДООЕЛ Битола дека му го раскинува договорот за реконструкција на коловоз и тротоари на улицата „Климент Охридски“.

Во известувањето за раскин на договорот од страна на Општината, се наведува дека оваа мерка е превземена откако се пречекорени сите рокови за изведување на работите, предвидени во член 14 од Договорот за јавна набавка на работи склучен на 06.06.2017 година.

Познатиот и признат македонски дипломат, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, поранешен Амбасадор на Македонија во Германија (2005-2010) , Австрија (2010-2015), Јапонија и Словачка, за апла.мк потврди дека најверојатно ќе поднесе кандидатура на отворениот повик на СДСМ за претседателски кандидат. Ова е првата официјална потврда,  откако владеачката партија вчера одлучи на јавен оглас да го бара претседателскиот кандидат.

Голема мермерна плоча на кое е испишано името на Константин Мишајков, познат интелектуалец и ценет лекар, еден од најголемите добротвори на Битола, оштетена и скршена на четири дела, оставена е во дворот на црквата „Св Димитрија“ во Битола, меѓу купишта камења и други плочи. Хроничарот на градот, проф. д-р Александар Стерјевски, за апла.мк тврди дека станува збор за истата плоча која до скоро се наоѓала во црквата „Св. Богородица“, каде граѓаните на Битола во знак на благодарност кон Мишајков, ја поставиле пред повеќе од 100 години. Стерјевски прашува кој и зошто ја  фрлил на ѓубриште.

Фокусот за годинава на Министерството за труд и социјална политика во процесот на деинституционализација е забрзана динамика на излегување на децата од големите институции, особено на бебињата од „Мајчин дом“ – Битола.

Целата декемвриска плата и дел од остатокот од ноемврската плата попладнево им е исплатена на вработените во ЗК „Пелагонијата“, откако денеска излегоа на протест.

Работиме по 12 до 14 часа на ден, а во февруари не ни ја доисплатиле ни ноемвриската плата, се пожалија вработените од ЗК „Пелагонија“ кои денес излегоа на протести со барање под итно да им се исплатат заостанатите примања за ноември и декември.

Пиењето кафе на Широк Сокак многумина битолчани  го заменија со ноќно скијање и уживање во убавните на ски-центарот Нижеполе.

Пругата со која Битола железнички ќе се поврзе со Грција е изградена, а наскоро се очекува технички прием, потврдуваат за апла.мк од Министерството за транспорт и врски. Но, кога ќе се воспостават првите линии, се уште е неизвесно. Според најавите оваа делница требаше да биде комплетно завршена до крајот на минатата година,а причина за последното одложување  се временските неприлики во овој регион, снегот и поларните температури зимава, поради што не можеше да се постави електричната инсталација, велат  од Транспорт и врски.

Членовите на планинарската  еко група „Турни ме да кинисам“ од Битола, го искористија убавиот сончев неделен ден да се искачат преку Маловиште, до црквата „Свети Спас“ и врвот Вртешка на Пелистер.  Уживаа во чистиот воздух, длабокиот снег  и од таму ја донесоа оваа прекрасна панорама од планинскиот убавец.

-На Пелистер, нашето најголемо природно богатство,   има забава, чист пелистерски воздух, здраво тело. Сите упорно одат на кафе на Широк Сокак, а ние предлагаме дневна доза пелистерска убавина, велат од планинарската еко група „Турни ме да кинисам“’. 
Уживајте во 5 минутното видео на Сашо Попоски од  „Турни ме да кинисам“

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани