АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола бара од Планинарско-спортскиот клуб "Пелистер" да ѝ ја отстапи сопственоста врз планинарскиот дом Копанки за да може да изврши целосна реконструкција врз опожарениот објект.
Вечерва во Малата сала на НУ „Завод и музеј“ - Битола ќе биде отворена изложбата
„Поречаните“ - Македонското Порече 1932 - 1933 год. посветена на работата на еден од најголемите полски етнолози и антрополози, Јожеф Обрембски.
Од понеделник ќе биде обезбедена ампуларна терапија за болните од канцер во Службата за онкологија, соопштија од Клиничката болница во Битола. Од болницата велат дека проблемот настанал поради лошо планирање на ампуларната терапија од страна на претходното раководство, односно потребите од оваа терапија се поголеми од набавениот лек со тендер од минатата година.
Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, на денешната седница на Владата на РМ е прогласен за културно наследство од особено значење, во поткатегорија големо значење. Ова е прв локалитет во Македонија каде е извршена ревалоризација на споменичната целина, а сега спроведена е и неговата категоризација, согласно Законот за заштита на културното наследство, со што се обезбедува трајна заштита на локалитетот.
Градот Битола и 19 селски населби кои со вода за пиење се снабдуваат од ЈП „Водовод“-Битола користат безбедна вода за пиење, ова го покажува анализатата за 2017 година од Центарот за јавно здравје во Битола. Додека, пак, битолските села кои користат вода од селските водоводи пијат небезбедна вода.
Концесионерот на ресторанот во комплексот „Довлеџик“ не ги плаќал редовно месечните закупнини, поради што ЈП „Стрежево “ од Битола го раскина договорот кој бил потпишан со претходното раководство за период од 10 години.
Пред стартот на летото, во вештачката акумулација „Стрежево“ собрани се 105 милиони метри кубни вода што е рекорд во последните години. Јавното претпријатие „Стрежево“ кое стопанисува со акумулацијата, подготвено ја дочека сезоната за наводнување на земјоделските површини во Пелагонија, а без проблем ќе обезбеди и вода за индустриските капацитети и за водокорисниците од градот преку лето доколку Водовод има недостиг на вода од сопствените извори.
Со коњ и мазга, од Битола до Солун, на пат долг 240 километри утрово тргнаа францускиот дипломат и писател Емануел Рембер и новинарот и историчар Емануел Ешт, придружувани од битолскиот професионален водич Петар Нолев.
Дворот на Офицерски дом во Битола станува бесплатен паркинг. Во последно време таму расте бројот на паркирани возила. Некои битолчани во кругот на оваа споменична целина си најдоа широко поле за да ги паркираат возилата без да платат. На местото каде што некогаш беше летниот ресторан и се одржуваше фестивалот "Серенада на Широк Сокак" сега се паркираат коли. Нема информација дека некој до сега бил казнет, нити некој ги попречил во намерата.
Не со магаре, туку со мазга и коњи, поради нивната поголема издржливост, ќе се изведе Маршот долж линијата на Македонскиот фронт. Во патувањето ќе учествуваат францускиот дипломат и писател Емануел Рембер и новинарот и историчар Емануел Ешт придружувани од планинарскиот водич Петар Нолев од Битола.