АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола ја чинеше близу 9000 евра годинешниот дочек на Новата година на плоштадот Магнолија. Оваа сума е 6 пати помала во споредба со сумата која ја трошел поранешниот градоначалник Владимир Талески, или само 16 проценти од она што тој го прикажувал како трошок. Само еден месец по дочекот на Новата година, Општината даде отчет за потрошените пари, за разлика од бившата власт која 12 години не кажа колку чинат новогодишните забави и „Битфест“.
Грчката противпожарна бригада на својот Твитер профил објави видео од извлекувањето на мртвите тела на двајцата млади планинари од Скопје, кои вчера ги загубија животите искачувајќи се на врвот Кајмакчалан од грчка страна.
Извлечени се телата на двајцата планинари од Македонија од врвот Кајмакчалан и се симнуваат кон скијачкиот центар каде што доктори од итната служба ќе треба да констатираат дека момчето и девојката од Македонија се мртви, дознава МИА од грчката противпожарна служба.
Синоќа околу 23.30 часот на падините на Кајмакчалан загинале двајца млади македонски планинари, на возраст од 26-35 години, јавуваат грчките медиуми.
Од нашето МВР велат дека се уште ја проверуваат информацијата.
Димче Јошевски од Дирекцијата за спасување во Битола со екипа од Спасувачи на планина веќе се подготвуваат со санка да тргнат на местото каде според телефоните ги лоцирале планинарите.
-Сега одиме во тек е акција, со хеликоптер не може да се замине па ќе одиме со санка. Станува збор за локација од Лутраки кон Кајмакчалан, кај една од караулите. Но ги има шест караули и точно не знаеме каде се, изјави за апла.мк Димче Јошевски.
Според него се работи за група од педесеттина планинари од Скопје кои вчера заминале за Грција.
Јавното претпријатие „Пазари“ од Битола се случувало во еден ден, а некогаш во два последователни денови за сужбеното возило да точи гориво по 5000 денари, се пожали новиот директор Александар Касапов, на последната седница на Совет.
Средовечен битолчанец, утрово околу 7 часот, починал при утринската прошетка на Тумбе кафе. Несреќата се случила во близина на скалите пред искачувањето на оваа рекреативна зона. Настанот ги вознемирил битолчани кои редовно секое утро рекреираат и се искачуваат на ридот.
Генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски, присуствуваше на 66-от молитвен појадок во Вашингтон кој беше организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Од Општината соопштија дека за ист случај за легализација на дивоградба, во изминатите години една општинска служба го завршувала процесот и се чекал уште потписот на градоначалникот, а друга констатирала дека објектот бил бесправно изграден подоцна од законскиот термин, поточно по 2011 година.
Со цел поголема безбедност во сообраќајот, од Општина Битола рамислуваат во иднина да се подигнат странични ѕидови на обиколницата во делот што минува низ дивата ромска населба. Во тој дел магистралниот пат е претворен во депонија со расфрлен и запален смет.