2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Директно

Работници барајќи си ги заостанатите плати од фирмата „Трансмет“, чиј поранешен газда беше бизнисменот Сеад Кочан, четврти ден штрајкуваат во РЕК „Битола“. Фирмата им должи од една до три плати, а револтот одлучија да го изразат преку блокада на механизацијата што „Трансмет“ ја има во рудникот Брод Гнеотино за ископ на јаглен и јаловина.

Студено време утрово во Битола. Снегот кој падна синоќа во Битола не се задржа на коловозите. Снежна покривка има на Пелистер и во Пелагонија. Минималната температура измерена во шест часот утрово беше еден степен под нулата, а во Пелагониско и пониска. Максималната температура денес ќе се искачи до четвртиот степен над нулата.  Сепак, овие температури може да се каже и дека не се многу ниски ако се имаат во предвид сибирските зими кои Битола ја зафајќале во изминатите години, кога се случувало температурите околку христијанскиот празник Водици да паднат до минус 30 степени Целзиусови..26940779 333874087095964 1878538878 n

 26996133 333874053762634 922540479 n

Обезбедена е вкупната финансиска конструкција за проектот пречистителна станица во Битола која ќе изнесува  28,7 милиони евра.Најголемиот дел   85% од средствата се обезбедени од ИПА фондовите, а околу 7,5 милиони евра се од Владата на Република Македонија.

 Неколку дена пред верскиот празник Водици, на 19 јануари, Министерството за труд и социјална политика,  со допис ги предупреди градинките дека е забранета верска и политичка злоупотреба на децата. 

Катaрина Кети Велковскa е новиот директор на Државното музичко училиште во Битола. Таа е професор по солфеж и една од наставниците чии ученици  се најнаградувани на државните натпревари со специјални и први награди.

Велковска го започна мандатот по Нова година, а нејзина заложба ќе биде нижото и средното музичко училиште во Битола да бидат во една иста зграда,

Се претпоставува дека околу 40.000 мазници ќе се исукаат и изедат вечерва и утре во Битола, по повод верскиот празник Василица. Битолчани на овој ден имаат обичај да го вртат мазникот и веруваат дека на тој што ќе му падне парето ќе го следи среќа цела година.

Незаконски биле донесени одлуките по конкурсите за финансирање на песни според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, чиј носител била Македонската радио телевизија, соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес во Завод и музеј-Битола.

Авторот на антологиската песна "Ратка Маџунка", Валентин Соклевски, вечерва го доби парето од василичарскиот мазник со сопартијците од ЛДП, па со радост ја запеа оваа негова песна која е една од најопеаните. Соклевски приреди вистинско музичко шоу во ресторанот "Грне" во Битола на што не одолеа ни продуцентот Панде Димитровски. Заедно запеаја и песни од нивниот пријател Петар Ѓоргиев Калица.received 10214787923668641

По 11 години влезе министер во просториите на Малиот битолски Монмартр, а по повеќе години и градоначалник од Битола. Вечерва во присуство на министерот за култута Роберт Алаѓозовски и градоначалничката Наташа Петровска во Детското ликовно студио беа врачени 40 меѓународни награди и признанија.20180111 192028

Изработка на нова сообраќајна студија за градот или ревидирање на постоечката, најави градоначалничка Наташа Петровска.  Новата локална власт констатира дека загадувањето на воздухот во Битола меѓудругите чинители е последица и на нерегулираниот градски односно целокупниот сообраќаен режим во општината.

Петровска од битолскиот универзитет „Св Климент Охридски“ побарала  промени во сообраќајната студија, што треба дадат резултати на подолг рок.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани