АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со новогодишна програма со ди-џеј, настапот на пејачот Борче Наумовски и новогодишниот џубокс со Бојан Стојков, актерите Илина Чоревска, Викторија Степановска Јанкуловска, Маја Андоновска Илијевски и бендот Боеми весело мина дочекот на Новата 2018 година на плоштадот Магнолија во Битола. .
(Настаните кои ги одбележаа изминатите дванаесет месеци)
Општина Битола ги намали непродуктивните трошоци, а тие ќе опаѓаат и во 2018 година. Градоначалничката Наташа Петровска рече дека и таа се придржува кон тоа, па во изминатите два месеци откако го презеде градоначалничкото место не направила ни еден трошок по основ на репрезентација.
На првата прес конференција на новата управа на РК „Пелистер“, претседателот на УО, Васко Ковачевски ги повика сите општествени чинители, бизнис секоторот и љубителите на спортот, да помогнат клубот повторно да биде силен и стабилен.
Методија Тасевски е избран за нов претседател на ОО на СДСМ во Битола. Одлуката за негово именување ја донел лично претседателот на СДСМ Зоран Заев, потврди Тасевски за апла.мк . Тасевски е со долг партиски стаж и добар познавач на политичките прилики во градот.
Либералдемократите Александар Касапов и Методиј Силјановски се новите директори на јавните претпријатија „Пазари“ и „Нискоградба“. Касапов и е добро познат на јавноста по неговото учество во претходниот состав на Советот како остар критичар на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ексградоначалникот Владимир Талески. Силјановски е вработен долги години во “Нискоградба“ и одлично ги познава состојбите во ова јавно претпријатие.
Нема отстапување од она за што се залагав како советник, а ми останува предизвик во мојот градоначалнички мандар, рече градоначалничката Наташа Петровска во своето обраќање пред советниците по повод носењето на буџетот за 2018 година. Таа нагласи дека останува посветена на битката за чист воздух, но преку преземање на долгорочни мерки како што е гасификацијата, а не преку краткорочни кои нема суштински да ја изменат ситуацијата со загадениот воздух.
Штитениците на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола денеска се претставија со рецитаторски и музички точки, на предновогодишната забава на која присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Таа заедно со Дедо Мраз, со новогодишни пакетчиња и топла порака им посака најискрени желби на децата.
Не планирам предвремени избори во 2018 година, иако мнозинството во Собрание е тенко, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање како Владата ќе ги спроведува реформите и политиките со мнозинство кое се покажа дека е несигурно и при вчерашниот избор на јавен обвинител во Собранието на РМ.