АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Секојдневно битолчани се сведоци на глутница кучиња скитници кои лаат по минувачите, и по автомобилите на повеќе фреквентни локации низ градот, како и на Широк Сокак. На фотографиите кои нашите читатели ги испраќаат од локациите кај Новиот градски пазар и Веро маркетот, велат дека се сведоци како по десетици кучиња од едната и другата страна на улицата „Васко Карангелески“ сеат страв меѓу минувачите, особено децата. Кучињата лаат по минувачите и лаат и по автомобилите со што влегуваат во коловозните ленти.
Дополнителен проблем е што кучињата скитници ги вознемируваат и вдомените кучиња кои сопствениците ги шетаат особено во вечерните часови.
Битолчани се жалат дека и навечер не можат да спијат од лаењето на кучињата скитници и дека со велосипед не можат да поминат покрај нив возејќи. Граѓани револтирани бараат брза реакција од надлежните за надминување на оваа состојба.