2win800x200

Донација во опрема вредна 150 илјади евра доби битолската болница од шведската фондација Hand till hand. Опремата ќе биде распределена во неколку одделенија во болницата

Среде Широк сокак,  десеттина битолчани го блокираа патот чекајќи ред за на банкомат. Минувачите, некои нервозни што им го попречиле патот, други расположени за мајтап, потпевнува -ред се редат мале,  за на банкомат!

НУУБ „Св. Климент Охридски“ во своите заложби за претставување на Библиотеката како место за дружење и промовирање на едукативни и креативни програми на деца и млади од сите возрасти организира празнична програма која што ќе ги обедини училишта, волонтери, родители и сите заинтересирани граѓани кои ќе можат активно да учествуваат во новогодишниот изглед на нивното омилено место за читање.

Половина милион евра следната година општина Битола ќе издвои за спортот, што е рекордна сума  во планирани средства од Буџетот, рече претсдателот на Советот, Валентин Груевски. Исто  така следната година ќе се издвојат 1,3 милиони евра за стадионот во Битола.

Шест дена  регионалната ТВ Мега од Битола не зрачи програма,  а  последната вест на нејзината веб страница е од 11 декември. Засега нема официјално известување зошто телевизјата престана да зрачи програма, но новинарските екипи од вторникот не излгуваат на прес конференции и настани, а неофицијално,  вработените не одат ниту на работа. Не се знае зошто медиумуот по точно 3 години отако почна да емитува програма во регионот, сега го нема во етерот..

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани