2win800x200

ЕВН побара битолските училишта да ги подмират долговите за електрична енергија, во спротивно   на училиштата ќе им биде исклучена струјата. Денеска екипи на ЕВН биле излезени на терен, но по интервенција на Министерството за образование, тие биле повлечени, со цел да може нормално да се одвива образовниот процес

Битола следната година ќе биде град домаќин на повеќе активности што ќе се одржат по повод одбележување на два значајни јубилеи  - 70 години од постоењето на Државата Израел и 75 години од протерувањето на Евреите од Република Македонија во логорот Треблинка. Манифестацијата  „Марш за живите“ ќе се одржат на  11 март 2018 во Битола, кога со  марш од 2 км, на кој ќе учествуваат граѓани, претставници на цивилното општество, пратеници, министри, политичари од Израел и Македонија,  ќе се оддаде почит на настраданите 7.144 Евреи.

Битола е лидер во државата по негативниот природен прираст на населението во третотот тримесечје од оваа година, а се поголем е и бројот на разводи

Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи  денеска  положија цвеќе пред спомен-бистата на Јосип Броз Тито на Широк Сокак,  по повод некогашниот најголем државен празник во поранешна Југославија- 29 Ноември- Денот на Републиката. 

Некои политички структури не заплашуваа дека ќе ни се населат мигранти, а една третина од градот ни мигрираше.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани