Webp.net gifmaker

Совети како да се заштитиме од состојби кои нѐ дисбалансираат во време на КОВИД-19 (пишува Билјана Галовска)

Април 07, 2020

Оно што правам кога ништо не правам – е работа на умот кој кога не остварува одредена ментална активност се активира, па креира и замислува одредени сценарија. Во време на изолација кога имаме повеќе време за размислување, нашиот ум поттикнат од состојбата во која е почнува да размислува - што ако нешто тргне наопаку,што ако се разболам, што ако некој од моите блиски се разболи?! Се замислуваат катастрофални сценарија,при тоа се лачат хормони на стрес и истите го гушат нашиот имунолошки систем. Во оваа вонредна состојба во која се наоѓа цел свет, степенот на стрес сепак не доаѓа од надоврешната околина, иако е поттикнат, туку од начинот на кој ние ги елаборираме истакнатите информации во скоро неограниченото време кое ни стои на располагање. Иако е добро што имаме моќ да предвидиме одредени работи како човечки суштества и да се превенираме, ние не секогаш сме моќни да го знаеме резултатот. Она што е последица на лачењето на тие хормони, додека замислуваме црни сценарија е промена на расположение, анксиозни состојби, чувство на немоќ, кои го рушат нашиот имунитет и ни ја нарушуваат животната радост како вредност во време кога сме потполно физички здрави. Еве неколку начини да се превенираме и заштитиме од состојби кои не дисбалансираат:

  • Ограничете го информирањето. Добро е да слушнеме што има ново и да останеме информирани, но дали слушањето и читањето 24/7 вести и информации кои зборуваат за вирусот ви користи? Не! Тогаш одредете во кој дел од денот, или кои информации ќе ги пратите и потоа исклучете се што е во врска со тоа. Ако најдат лек сигурно информацијата ќе дојде до Вас.
  • Бидете одговорни. На тој начин се заштитувате себеси и оние кои ги сакате, а тоа ви дава чувство на мир. Одговорноста е карактеристика на зрелите луѓе
  • Ставете розеви очила. Разликата помеѓу оптимистот и песимистот, е што оптимистот ќе гледа на начин да го исполни своето време со работи кои ја поттикнуваат неговата продуктивност, креативни рабти кои го исполнуваат, додека песимистот времето ќе го минува во низок старт да не се случи нешто (не знае точно ни што е тоа од што навистина се плаши) исполнето со кукање, постојаното повторување колку е несигурно,и ќе движи во насока на губење на време во кое нити е добар пример, а со тоа ни во еден момент не си дозволува да ужива во животот и да го прифати онаков каков што е имајќи во предвид дека еден ден оваа ситуација ќе има крај
  • Во овој период може да бидеме добар пример за своите деца. Начинот на кој се носиме со ситуацијата, определувајќи ја нашата одговорност во истата, е модел кој го преземаат нашите деца. Прашајте се кој е вашиот модел? Дали вашите деца како возрасни личности би сакале да имаат став кој вие сега го манифестирате? Ако одговорот е ДА, знаете дека сте на вистинскиот пат,но ако одговорот е НЕ, потребна е анализа и промена
  • Дисциплината не е режим, тоа е вештина. Дисциплината го зацврстува духот и телото. Периодот на изолација е погодно време кога можеме да развиеме вештини кои до сега биле само ,,пуста желба,, затоа што баш сега имаме време да бидеме свртени кон себе
  • Постои време за она што немавме време. Што е тоа за што досега немавте време? Читање книги, гледање филмови, друштвени игри со семејството, работа на себе........
  • За да останеме физички спремни и ментално здрави, потребна е физичка вежба и личен развој. Физичката спремност ќе ни даде сигурност дека можеме да се справиме и ќе го зајакне уверувањето околу нашето здравје, а личниот развој ќе ве поттикне да се анализирате себе и делот за креирање сценарија ќе го насочи во правец на оставрување на вашите цели генерирајќи нови идеи.
  • Секогаш сме на вистинското место. Ако имаме во предвид дека во нашето искуство доаѓа се што треба да биде, моментот на прифаќање не носи за чекор подалеку во однос на можноста за активирање на нашите ресурси со цел да се справиме со се што доаѓа и нема да не одмине.
  • Фокусирајте се на позитивното. Во сите негативни информации постојат и оние за луѓе низ целиот свет кои го победија вирусот.
  • Бидете благодарни, прашајте се сбеси на што сме благодарен денес? Ставањето на фокусот на тоа што постои во нашиот живот го подобрува нашето расположение, ги буди нашите страси и не превенира од стрес.

Бидете пчели, не муви. Иако природно нашиот систем е насочен да ги види недостатоците и да ги забележи негативните нешта како мувата, која на зелена ливада ќе застане на едно единствено ѓубре што ќе го најде, треба да знаеме дека пчелата во цела депонија ќе застане на еден единствен цвет кој постои таму. За среќа ние имаме повеќе цветови во нашиот живот само е потребно енергијата да ја насочиме на позитивните работи кои постојат во дадената ситуација, а можеби се подразбираат.

Пишува: м-р Билјана Галовска, НЛП тренер, предавач на Бизнис Академија Смилевски

Инфо: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани