2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ДА СЕ БИДЕ ЛИДЕР (Пишува м-р Билјана Галовска)

Август 10, 2019

Да се биде лидер потребно е да се исполни еден услов. Да се биде човек кој ќе ги препознае и искористи сопствените моќи и потенцијали да влијае на себе, а со тоа и на светот околу себе за тој да стане подобро место за живот. Како најкратка дефиниција која сум ја прочитала, а концизно, јасно и прецизно објаснува што е лидер вели: „Лидерот е човек кој има влијание врз мислите, чувствата, одлуките и акциите на другите луѓе.” Негова основна карактеристика е што има способност да креира стратешка визија која ги мотивира луѓето да ја активираат својата слободна волја и напор истата да ја остварат. Ако го читате текстот сигурно длабоко во себе во некоја сфера се препознавате себеси како лидер. Тогаш најдобро за почеток да се запрашате:

,,Дали сакам позив или подобро титула?”

Ако одговорот е само титула, тука завршува читањето на овој текст за Вас. За оние другите кои избираат позив имам уште неколку прашања:

„Претпоставувам дека некогаш сте се прашале како би било да можете да го менувате светот, да оставите трага, да влијаете позитивно и кога нема да сте физички присутни во него?” или „Како би било да имате нешто кое ќе го активира вашето внатрешно задоволство и тоа како магија да се пренесува на оние кои ви се важни?” Одлично, нели?

Тогаш треба да размислите што за Вас како лидер е поважно: статусот, финансиските средства и чувството на важност додека ја играте таа улога или радоста, ентузијазмот и вербата во себе и другите луѓе. Рузвелт, Мендела, Ајнштајн и многу други не биле луѓе чии двигател беа парите. Нив ги водел предизвикот да променат нешто, да остварат нешто големо. Тие на таков начин станале легенди.

Секој лидер има своја автентична црта и никој не наликува еден со друг.Исти, а сепак различни. Лидерот се води најчесто од своето внатрешното чувство кое креира сопствена смисла во пошироки рамки и континуирано го користи внатрешниот потенцијал од кој упорно не отстапува и кога сите надворешни околности му ,,зборуваат“ дека е нешто погрешно,тешко, неостварливо. Тој е некој кој знае да се поврзе со бескрајната интелегенција, не обрнувајќи внимание на површните и ефтини трендови. Тоа не значи дека не знае да ужива, туку знае да препознае моќ во другиот спроти себе и да биде поддршка освестувајќи дека шансите се создаваат кога е тешко, а успехот расте правопропорционално со растењето на тежината на предизвикот.

Постои мит кој вели „Лидерот се раѓа, не се создава”. Но, најновите светски истражувања покажаа дека образованието (како неформалното, така и формалното) се шири во невидени размери до сега што упатува на фактот дека сепак лидерот може да се моделира. Лидерот е човек кој постојано се едуцира и унапредува. Тој знае дека најзначајната карика за успех е да знаеш како со луѓето кои ти се важни. Обуките кои во својата база ја користат Науката за личен просперитет односно Неуролингвистичко програмирање му овозможуваат на поединецот да усвои моќни алатки, стратегии, методи и вежби за да стигне до она што рекол Хари Фајерстоун ,,Најдоброто во другите ќе го разбудиш само ако го дадеш најдоброто од себе,, . За среќа тоа може да се научи!

Пишува: м-р Билјана Галовска НЛП тренер и коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски , Битола

(инфо за обуките посветени на личен и професинален развој на е маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани