2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Победете го стравот ( Пишува Билјана Галовска)

Октомври 26, 2019

По завршувањето на секое мое предавање, учесниците пополнуваат фидбек кој е анонимен. Kако се менува мојот пат, така и темите кои ги бараат се менуваат. Читајќи ги повратните информации забележав дека повеќе од 50% бараат наредното предавање да биде посветено на стравот. Размислувам... многу често и сама себе се прашував како би изгледал мојот живот ако не би чувствувала страв? Замислувам како ,, слободно би дишеле“ ако сме доволно храбри да се соочиме со сѐ што доаѓа, со црното сценарио во нашата глава, со тоа што ќе не пресретне, а не сме го барале и не сме биле спремни - болест, смрт, несреќа, разделба, егзистенција, развод, страв од иднината, од осаменост, неуспех, паничен напад, од самиот живот, од емотивно повредување...ги има над милион.

Само за момент помислете на сите стравови кои ве прателе низ животот до сега. Дефинирајте го најголемиот страв, она што го има приматот сега. Освестете се дека постои во вашето тело. Во кој дел од него? Што точно чувствувате додека мислите на него, што можете да проектирате во вашиот ментален простор и слушате истовремено? Колку долго е присутен тој страв во Вас?

Волшебна формула за стравот не постои. Колку повеќе му се опирате, толку повеќе ќе биде присутен во вашиот живот. Стравот понекогаш е десна рака на егото кое ти вели дека не си доволно добар да успееш. И нема магија која ќе ви помогне да го уништите целосно, но има начин да го прифатите како дел од себе и да слушате која е смислата на неговото постоење во Вас. Затоа што иако не изгледа така, се има своја смисла.

Да се биде на границата меѓу живот и смрт не е толку честа појава низ животот, па затоа не зборуваме што би правеле со стравот и стресот кој од него се појавува. Нити пак зборуваме за реален страв кој нѐ штити од повреди и кој покренува акција кај нас (да се тргнеме од улица за да не загинеме од брзиот автомобил). Стравот за кој овде зборуваме може да е креација во нашиот ум или да е поттикнат од околности во кој се наоѓаме. Кога така размислуваме добро е да се прашаме : Што во најлош случај може да ми се случи ако се оствари ова од што се плашам? Тогаш го замислувате најцрното сценарио, го прифаќате и му погледнувате во очи на стравот. Од тој момент се прашувате себе: Ако сум доволно храбар/а да се соочам што би направил/а во врска со тоа да го решам или прифатам тој страв? Се генерираат акции и можни решенија. Трето: Што е тоа што уште утре можам да го направам, кој е тој мал чекор поради кој би се чувствувал дека се движам. Дефинираш еден чекор кој го правиш уште другиот ден. Секој ден правиш по еден чекор кон целта – да му погледнеш на стравот в очи. Додека попатно се поврзуваш со стравот и знаеш дека не е случајно тука, дека неговото постоење е за да те штити од нешто. Последно се прашуваме: Дали во овој живот кој нема реприза сакам да го негувам овој страв до крајот?

Пример: Некој (а тој некој, бев јас некогаш) има страв од јавен настап. Кога ќе се прашате : Што најлошо може да ми се случи? Можно е да добиете одговор- да ме исмеваат ако погрешам нешто, да се блокирам, парализирам. Првиот чекор е прифаќањето дека тоа може да се случи. Нареден чекор-акција.

Она што се крие зад стравовите обично се уверувањата кои се во нашата основа, во нашата слика за себе, а ни ги всадиле трети лица или произлегуваат од тоа како ние се однесуваме према нашите триумфи и порази, како и (не) довербата што ја имаме кон самите себе. Но, не е доволен само текст туку учење,длабинско разбирање на самите себе и нашите досегашни искуства.

Следното предавање со фокус на СТРАВОТ како нормална емоција и перцепција на опасноста која може да се менува со промена на разбирањето и учењето ќе се одржи во ноември.

Пишува: м-р Билјана Галовска НЛП тренер & коуч

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани