Webp.net gifmaker

ПОДГОТОВКИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА НАЈКРИТИЧНИТЕ ТОЧКИ НА РЕКА ШЕМНИЦА ВО ДОЛЖИНА НАД 3 КИЛОМЕТРИ

Јуни 15, 2020

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, денес, го посетија местото во близина на селото Црнобуки, каде што се наоѓаат дел од критичните точки на реката Шемница, чие чистење ќе биде спроведено во вкупна должина од 3200 метри.

Обрасната по целата должина со нискостеблеста и високостеблеста вегетација, реката Шемница, со своето нерегулирано корито, а поради тоа и неконтролирано движење на водата, честопати се излева во околните земјоделски парцели и прави штети на земјоделците. Поради тоа, во мај годинава, на барање на Градоначалничката Петровска, Владата на Република Северна Македонија, ја разгледа информацијата со акциониот план за чистење на критичните точки и усвои заклучок со кој и препорача на Општина Битола, неискористениот дел од доделените нафтени деривати во 2011, да ги искористи за реализација на акциониот план, изготвен од АД Водостопанство, подружница Битолско поле – Битола.

Советот на Општина Битола, на последната седница, донесе одлука за преотстапување на дизел гориво Еуродизел БС на АД Водостопанство на Република Северна Македонија во државна сопственост - Скопје, Подружница Битолско Поле - Битола, заради реализација на Акциониот план за чистење на дел од критичните реки на територијата на Општина Битола. Со оваа одлука на Битолско Поле - Битола му се преотстапува без надомест количина од 8596 литри дизел гориво Еуродизел БС од неискористениот дел од доделеното дизел гориво на Општина Битола со Одлука бр. 51-1402/42 од 22.03.2011 година на Владата на Република Македонија, заради реализација на Акциониот план за чистење на дел од критични реки на територијата на Општина Битола бр. 2201-69/1 од 09.03.2020 година.

Општина Битола преку економски оператор избран во постапка за јавна набавка ќе врши надзор над изведувањето на работите за реализација на акциониот план и ќе ги одобрува градежниот дневник и градежната книга за работите на терен.

Со реализацијата на предвидениот акционен план, жителите од местата кои се најзасегнати од овој проблем, очекуваат значително подобрување на состојбата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани