2win800x200

Борбата е за решавање на проблеми, не за создавање (пишува Валентин Груевски)

Мај 27, 2021

 

Во многу области сегашната локална власт постигна добри, да не речам одлични резултати. Работите кои се постигнаа се многу поголеми и подобри од она што се постигна во претходните  три мандати на бившата власт, заедно, и тоа е многу мерливо и има многу показатели, кои тоа го потврдуваат. И финансиски и квантитативно и квалитативно. Од политичка гледна точка, можеби сработеното  не се рефлектираше во голем рејтинг, меѓутоа за тоа нешто пишував пред неколку недели, а темата е доста интересна и за неа може да се пишува неколку пати.

За секој од нас, без исклучок, најважната работа се неговите деца, а сите имаме слабост за најмладите, и сите сакаме да живеат, да учат и да работат во најдобрите услови кои ние можеме да им ги овозможиме, и таа борба е непрестајна и секојдневна. Можеби некогаш и грешиме во желба да го направиме најдоброто, ама грешките се ненамерни и не се злонамерни.

НАСЛЕДСТВОТО

Во градинките она што беше наследено имаше две карактеристични нишки, и тоа беше проблем кој требаше да се решава. Огромни листи на чекање, со повеќе од 500 деца по градинка и лоши услови во огромен дел од објектите. Не ретко се слушаше и реченицата дека потешко е да се запишете во градинка, отколку на факултет, во средно училиште или во која било друга институција. Условите за престој беа блиску до пристојни, ама имаше и илјадници можности за подобрување и напредок .

Она што беше вложено во градинките во овие години, далеку ги надминува вложувањата во претходните години, и тие објекти се донесени до фаза на непрепознавање. Променети беа тоалети, купени нови машини за перење, за миење, клима уреди во секоја занимална, нови завеси, нови униформи за вработените, нови наставни средства, столчиња, работни маси, гардероби, и родителите кои ги носат своите деца се сведоци за огромните промени кои се направија.

ПОГОЛЕМИ ЗАФАТИ

Не изостанаа поголеми зафати и беа променети неколку кровови на градинки, беа реновирани и фасади, променета беше и дограмата, односно не остана ниту една зграда, ниту една просторија во која не беа значително подобрени условите за децата. Беа оспособени и неколку нови занимални, со што се намалија и огромните листи на чекање.

Клучната работа која беше  направена во овој период се подготовките и почетокот на работите за изградба на нови градинки, со што проблемот со приемот на деца ќе биде решен за долг период. Изградбата на нова градинка во Касарната со средства од Општина Битола и компанијата „Кромберг и Шуберт“ со капацитет од 230 деца, и градинката  кај училиштето „Св. Климент Охридски“-Битола со средства од Министерство за труд и социјална политика, за секогаш ќе го реши проблемот и наредните генерации нема да знаат дека овој проблем постоел.

А борбата е нели за решавање на проблеми, а не за создавање.

Пишува Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола, член на  Либерално-демократската партија    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани