2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва се обрати на 15-то по ред издание на Фестивалот на музика од светот, кој годинава се одржува под мотото „Една сцена, звук на светот“. Таа од организаторите на фестивалот беше најавена не само како личност која е најсилно врзана со културниот развој во нашата земја, туку и како визионер кој верува во моќта на уметноста и на културата дека можат да ги трансформираат општествата. 

Костадиновска-Стојчевска во својот говор кажа дека е горда што Битола преку овој фестивал и придружната програма покажува подготвеност на високо ниво да се вклучи во европските процеси на поддршка на младите локални автори, и да ги поврзе националната со независната сцена.

Ќе има ли поскапување на цената на водата во Битола и од што ќе зависи формирањето на новата цена се огласи и ЈП „Стрежево“ Битола. Цената на водата за пиење во Битола зависи од одлуката на Регулаторна, но и од цената која Владата ќе ја утврди за Хидросистемот „Стрежево“ Битола од каде „Водовод“ во сушниот период купува сурова вода. И за „Стрежево“ и за „Водовод“ се чека одлука.

Од ЈП „Стрежево“ Битола кое располага со акумулацијата хидросистем „Стрежево“ и од каде битолски „Водовод“ купува сурова вода во летниот период или без оглед на годишното време кога нема доволно вода од сопствените извори, ни потврдија дека побарале регулирана цена од Владата за период од 2024-26 година.

Директорот Методија Граматковски вели дека Владата сѐ уште како основач нема донесено цена за водата која ќе ја продава „Стрежево“ на ЈП „Водовод“ за наредниот период. Претпријатието дава предлог ценовник, но Владата е таа која одлучува. 

„Цената на водата која ‘Стрежево’ ја наплаќа сега од ‘Водовод’ е следна: За регулираниот период 2021-23 година цената вака се движи – во 2021 година 5,15 денари за кубен метар, во 2022 5,38 денари, а во 2023 е 5,56 денари за кубен метар без ДДВ. Ова значи дека цената е многу ниска и од Владата побаравме да биде просечната цена која ни ја предложи Регулаторна комисија за енергетика, а таа е за 2024 година 6,48 денари, 2025 година 6,47 денари и 2026 6,40 денари за кубен метар. Која цена ќе биде прифатена и дали ќе има промена во нагорна или надолна линија сѐ уште не знаеме“, вели Граматковски.  А.Б 

 
 

Зголемен е бројот на прегледи на пациенти со вирусни заболувања на Инфективното одделение при Клиничката болница со Битола,како и на Одделот за интерни болести каде дел од лицата што побарале лекарска помош имале инфективни заболувања.

Во 2,20 часот по полноќ малолетничка од Охрид, со привремен престој во Битола, пријавила дека пред угостителски објект на улица „Партизанска“ во Битола била физички нападната од друга малолетничка од Кавадарци, исто така, со привремен престој во Битола, која употребила и стаклен предмет, соопштија од СВР Битола. Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Според наши проверени извори, се работи за средношколки кои престојуваат во интернат во Битола. Едната при нападот употребила шише и ѝ нанела расекотина на челото на другото девојче.

По повод 20 ноември, Светскиот ден на правата на децата, Комисијата за образование при ОО СДСМ Битола организираше трибина заедно со комисиите за образование од Пелагонискиот регион и Централната комисија на тема ,,Да градиме здрави генерации -заедно против меѓуврсничкото насилство".

 
Говорници на трибината беа:
-Петра Лукароска - член на централната комисија за образование на СДСМ и координатор на Комисија за образование на Пелагонискиот регион
-Марија Кочовска - Пратеничка во собрание на Република Северна Македонија
-доц.д-р Анита Азеска - член на централната комисија за образование на СДСМ
- Ирена Николовска Ристановска - психолог во основно училиште со ресурсен центар Коцо Рацин - Битола
-проф.д-р Татјана Стојаноска Иванова, Филозофски факултет и член на Централната комисија за образование на СДСМ 
- Весна Баковска-модератор, претседател на Комисија за образование при ОО СДСМ Битола
 
Правото на детето на образование значи учење и практикување на правата на децата во училиштата, образовните програми или установите според Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето донесена на 20 ноември 1989 г. 
 
Детските права им припаѓаат на сите деца без оглед на нивното национално потекло, пол, религија, возраст, попреченост и слично. Конвенцијата на правата на децата е најшироко ратификуваниот договор за човековите права во светот, клучен обврзувачки инструмент кој ги вклучува граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните права на децата.
 
Детето има право на образование, на социјална сигурност, здравствена заштита, има право на идентитет и националност, да ги искаже своите ставови по сите прашања.
 
Детето има право на име, да стекне државјанство и да добие грижа од своите родители, да нема дискриминација.
 
Детето има право на љубов, да оди на училиште, да игра и да го искаже своето мислење. Учениците, родителите и наставниците треба да ја  практикуваат конвенцијата и да ги знаат механизмите за заштита на правата на децата.
 
Децата покрај правата имаат и обврски и должности  за кои од  повеќе аспекти   зборуваа говорниците за училишната клима, меѓуврсничко насилство, инклузија во образованието и слично.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај при посетата на Битола по повод 115 годишнината од унифицирањето на албанската азбука рече дека е оптимист за евроинтеграцијата на двете држави, Македонија и Албанија, и покрај грчката најава за вето на нивната држава и бугарското вето за Македонија. 

 ,,По природа сум оптимист и треба да гледаме оптимистички. Како што пред 115 години нашите преродбеници биле оптимисти, така и ние треба да бидеме. Го посакувам најдоброто за нашите два народа во еден најкраток можен пат кон ЕУ и едно поубаво утре за нашите деца со просперитет и мир во регионот", рече Бегај. 

Тој изрази благодарност до властите што Денот на албанската азбука 22 Ноември е прогласен  за национален празник што покажува за добрите меѓусоседски односи  и дека соседите треба да се почитуваат меѓусебе и симболите на народите. 

Конзулот на Албанија во Македонија Имет Селмани рече дека треба не само од симболичен аспект, туку од суштински да станеме Европјани  и да ги воведеме европските стандарди. 

,,Идејата е не само во ноември туку и во текотна цела година Битола да биде дестинација на туризмот каде од Косово, Албанија, Прешево, Црна Гора и секаде каде живеат Албанци да дојдат тука да го посетат градот, во еден космополитски градот да го почувствуваат духот на минатото , но и толеранцијата и соживотот на денешницата", рече Селмани. 

бајрам2

bed7d99f 1757 4c03 8bb6 ed716ddead8f

Во рамките на проектот „Идентификација и следење на талентирани и надарени студенти“, Битолскиот универзитет ги избра четворицата таленти: Тамара Тасеска од Економскиот факултет во Прилеп, Софи Гајтановска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Кристијан Велјановски од Факултетот за биотехнички науки и Дејан Петровски од Педагошкиот факултет.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани