АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По соодветно имплементираните законски процедури, Битола е на чекор до добивањето дозвола за работа на прифатилиштето за бездомни животни, која ќе овозможи отпочнување со работа на прифатилиштето во наредните месеци.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја отвори интернационалната научна конференција на тема: „Ситуацијата се влошува и на исток и на југ? Предизвици за безбедноста и стабилноста во Европа“, изјавувајќи дека одговорноста во борбата со дезинформациите треба сите да ја имаме како наша граѓанска обврска и дека најважно е во надминувањето на предизвиците да сме заедно обединети со нашите ЕУ партнери.
Со традиционалниот прием на претставници од општинската организација на Сојузот на борци, во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски, започнаа денешните настани за одбележување на Денот на ослободувањето на Битола.
Македонскиот уметник Зоран Кардула во чест на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, изработи портрети од осумте народни херои кои во антифашистичката борба ги даде градот и со чии дела битолчани и денес се гордеат. Портретите се преземени од неговиот ФБ профил
По повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Битола од фашистичкиот окупатор, министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОАВМ во с. Лавци.
Исто така, заедно со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и претседателот на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков, положија свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ на плоштадот “Гоце Делчев” и на споменикот на револуционерот Стеван Наумов – Стив.
79 годишнината од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември донесе низа активности во текот на денешниот ден. Традиционално, се одржа крводарителска акција во општина Битола, на која вработените и граѓаните даруваа од најдрагоцената течност, која спасува човечки животи. Одзивот беше голем, а крводарителите и вработените во Одделението за трансфузиологија, кои што денес беа на терен, ги посети градоначалникот Тони Коњановски.
Тој посочи дека хуманоста на граѓаните во Битола е секогаш на завидно ниво, а истовремено од екипата на трансфузиологија, беше информиран за текот на самата крводарителска акција.
На отворено, на Плоштадот Магнолија, денес се одржа и Пинг-понг на отворено, во организација на пинг-понг клубот „Пелагонија“. Градоначалникот Коњановски изрази особeно задоволство што млади лица сакаат да се занимаваат со овој спорт и да бидат дел од пингпонгарскиот клуб. На обострано задоволство, градоначалникот одигра неколку меча со младите пингпонгари.
Традиционално, во хотелот Премиер, се одржа и Шаховсиот турнир за слепи лица, на кои што голем дел натпреварувачи ги одмерија силите во шаховските вештини.
По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември, како дел од програмата за одбележување на овој значаен датум, синоќа беше отворено 31 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека во чест на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот, се одржува овој фестивал, кој претставува силно културно обележје не само на градот, туку и пошироко на државно ниво и во светски рамки.
„Овој уникатен фестивал, во кој на преден план не е поставено совршенството на филмската уметност како кај професионалните филмови, носи обележје на нешто што е многу поблиско до обичниот гледач, а тоа е несовршенството, обичната приказна, реалните настани, погледот на секојдневието, раскажан од аматерот-гледачот, кој преку својата приказна, го доближува секојдневието кај публиката.
Секоја година, фестивалот расте во однос на прикажаниот квалитет на филмовите кои, секој на својот начин, преку раскажаната приказна има своја специфичност. Го обиколуваат светот и пристигнуваат на вистинското одредиште, фестивалот Камера 300.
Тоа го докажува и огромниот број на пристигнати филмови годинава, дури 43. Верувам дека жири комисијата навистина имаше тешка задача да ги избере најдобрите, но секако сите филмови имаа своја тежина која раскажува навидум обични, но многу важни приказни, кои ќе ја збогатат и онака богатата филмска историја на градот Битола“, рече градоначалникот Коњановски.
Годинешното жири соопшти дека во конкуренција на 43 филмови, годинава ќе бидат прикажани 16 во две официјални проекции.
Највисоката награда гран-при, наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот, е доделена на филмот „Повратникот“, на авторот Диме Талевски.
Плакета за најдобра камера што ја доделува Општина Битола ја доби авторот Илке Ацксталер од Германија, за филмот „Така се започна“.
Наградата „Златната камера 300“ е доделена за филмот „Часовничар “ на група автори од попово, Бугарија, „Сребрената камера 300“ за филмот „Споменици“ на група автори од Шумен, Бугарија, а „Бронзена камера 300“ на филмовите „Детство“ и „Ехото на тишината“ од авторот Бојан Петровски од Шведска.
Исто така, беа доделени плакети за режија, монтажа, идеја и репортажа, како и специјални награди-плакети.