2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

По повод 4 Ноември, Планинарското друштво на ЈКП Водовод организира настани со кои ќе го обележи празникот, а воедно и ќе се афирмира како друштво. Во таа насока ги презема следните активности:

-На 5 ноември во 10 часот поаѓање за Смолево и манастирот Свети Атанасиј.

-На 6 ноември крводарителска акција на која се поканети сите вработени во претпријатието

-На 11 ноември работна акција, чистење и уредување на дворот на ЈКП Водовод, на која исто така се очекува учество да земат сите вработени.

Планинарското друштво на ЈКП Водовод на сите битолчни им го честита Денот на ослободувањето.

 

Со гласови на пратениците на владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Собранието денеска ја усвои потребата од носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, со европско знаменце, со кои се воведува финансирање на државни кампањи на телевизиите со пари од државниот буџет. „За“ гласаа 78 пратеници, а „против“ беа двајцата пратеници на Левица и немаше „воздржани“.

 

Според предложените законски измени, кои најверојатно брзо ќе поминат во Собранието, ќе има државни кампањи на државно и локално ниво. За кампањите на државно ниво со законските измени се предвидува да се трошат 0,1% од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на државниот буџет, додека за кампањите на локално ниво таа бројка изнесува 0,5% од даночните приходи на општините и Град Скопје.

 

Според податоците на Министерството за финансии за последната завршна сметка, даночните приходи во државниот буџет во 2022 година изнесувале 2,3 милијарди евра, па 0,1% е 2,3 милиони евра. На оваа сума ќе се надополнат пари од буџетите на општините и Град Скопје.

Собранието во 2017 година, на предлог на претходната влада на чело со премиерот Зоран Заев, со посебен член го укина владиното рекламирање во медиумите баш поради искуството што го остави претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ со корупцијата со јавни пари и поради контролата во уредувачката политика. Власта на Никола Груевски за владино рекламирање потроши 38 милиони евра од 2008 до 2015, при што главнината одеа за „Сител“ и „Канал 5“. И сега, најголем дел од парите за државни кампањи ќе одат кај телевизиите со национална концесија.

Во образложението на предложените законски измени, државните кампањи ќе се емитуваат „со цел на поголемо подигнување на јавната свест“.

Извор СДК.МК (https://sdk.mk/ )

На 15.11.2023 година во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се одржи семинар на д-р Ранко Рајовиќ, автор на НТЦ програмата. Семинарот е наменет за родители и наставници и сите што се вклучени во детскиот раст и развој.

„На овој семинар сите учесници ќе научат и осознаат методи и техники со кои директно влијаат врз позитивниот развој на децата, преку игри што се лесно применливи во секојдневието“, соопштија од Библиотеката.

Д-р Ранко Рајовиќ е автор на НТЦ програмата, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија, доктор на спортски науки, соработник на УНИЦЕФ за рано образование. Тој користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот.

Програмата за учење НТЦ е составена од различни активности и игри за деца, кои се засноваат на знаење за развојот и работата на мозокот и кои, како што покажуваат многу студии, позитивно влијаат на развојот на мозокот.

На овој семинар сите учесници ќе научат и осознаат методи и техники со кои директно влијаат врз позитивниот развој на децата, преку игри што се лесно применливи во секојдневието. Цената на семинарот е 2500 денари.  Пријавата е задолжителна бидејќи бројот на места е ограничен.

Пријавете се со пополнување на формуларот во прилог:

https://docs.google.com/.../1FAIpQLSfqUXwt3izu4F.../viewform

                ОГЛАС

ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЗА СВЕЖО СВИНСКО МЕСО

Здружението на пензионери од Битола ги повикува заинтересираните производители и дистрибутери на свежо свинско месо да достават понуди за свежи свински полоивинки (драни, без кожа, со половина глава и тежина од 25-35 кг)

Свињите да се од домашно производство, да потекнуваат од една фарма, со што ќе се обезеди едноличен квалитет.

Доставувачите на понудите треба да имаат продавница за месо преку која ќе се врши дистрибуирањето на свински половинки.

Секој понудувач треба да достави писмен доказ дека поседува продавница за месо, а при испораката на свинските половинки да се придржува кон сите мерки и протоколи пропишани од здравствените органи предвидени за испорака на ваков вид производи.

При изборот на најповолната понуда Комисијата ќе ја зема во предвид цената на квалитетот на месото.

Понудите да бидат доставени до Здружението на пезнионери Битола, во затворен плик со назнака ПОНУДА (по пошта или лично на рака) на следната адреса Здружение на пензионери Битола ул.Булевар Први Мај бр.268 Битола или на поштенски фах 109, најдоцна до 7.11.2023 година.

Огласот трае 5 работни дена од објавувањето т.е. 01.11.2023 до 07.11.2023 г.

Битола                                                                                                                     Здружение на пензионери

31.10.2023                                                                                                                        Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани