2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Забележани се случаи на масовен транспорт на гласачи со комбиња од битолската населба Баир, соопшти Џабир Дерала од невладината организација „Цивил“.

Повозрасната битолчанка М.И. денес наместо на гласање заврши на лекар откако се засопна на искршените скали кои водеа до гласачкото место во месната заедница „Вељко Влаховиќ“ на улица „Питу Гули“ во Битола.

До 17 часот гласале половина од гласачите од  Битола евидентирани во единствениот избирачкиот список. Според информацијата од Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија, до 17 часот попладнево гласале 50 проценти од гласачите во Битола. Битолчани на овие избори избираат градоначалник меѓу четворица кандидати и советници од пет листи. 

Во селото Палсница на пет минути бил прекинат изборниот процес заради давање на помош од едно на друго лице при гласање, соопштија од битолската полиција.

Случајот бил регистриран, а потоа гласањето продолжило без проблеми. 

Од Битолската полиција соопштија дека денес не се пријавени други инциденти. 

Жешка есен во Битола, не само поради локалните избори, туку и по високата температура нестандарднa за овој дел од годината.  Есен е, а во Битола како да започнува летото, температурата деновиве достигна до 22 степени Целзиусови, а топло време се очекува и во недела на денот на изборите. По гласањето ќе остане да се види дали битолчани со својот избор ќе донесат ќе лето или есен во општината. 

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој имаше навика да прави отчети за сработеното, на завршувањето од мандатот не даде отчет дали должи Општина Битола и колку, пренесе порталот sdk.mk. Од општина Битола им било кажано дека за да се добијат информација за тоа колку е долгот, треба да достават Барање за слободен пристап до информации, зашто било време на изборна кампања. Брање доставиле, па очекуваат одговор, но ако се земе предвид дека рокот за одговор е 30 дена, информацијата ќе треба да ја даде следната локална власт.

Како идна локална самоуправа мора да создадеме и оставиме вредности, да ги уредиме улиците во Битола, велосипедските патеки да станат наша реалност, да имаме организиран сообраќај, да имаме уредни училишта, детски градинки, стари и згрижени лица, рече Нашата Петровска, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери на денешниот завршен прес пред изборниот молк.

Габриела Илиевска, носител на независната кандидатската листа за советници „Поинаку“ во завршното обраќање пред изборниот молк им порача на битолчани дека крајно време е битолчани да одлучуваат за иднината на Битола.

До пред неколку години власта на ВМРО-ДПМНЕ плаќаше големи суми пари за реклами за здрава храна, во која се готвеа намирници од таканаречениот шпајз на Македонија, а тогаш не беа одделени средства за здрав оброк на децата по школите. По единаесет години централна власт и дванаесет на локална, допрва ќе прават промени во исхраната по школите. Проблемот со нездава исхрана и гојазност кај децата не е нов, напротив за него здравствените работници алармираа сите изминати години..

Претставата „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, а во режија на Џон Блондел, со која Народниот театар од Битола гостуваше на Охридско лето, овој петок и во понеделник идната недела ќе биде изведена пред битолската публика на големата сцена во битолскиот театар. Во изминатиот период најголемиот дел од претставите се играа на други сценски простори во театарот кои беа потесни, за помал број на гости и помалку удобни, па битолчани присакаа да гледаат претстава во покомотни услови.

-Во оваа претстава на сцена сме 17 актери, голема екипа и се игра претставата на големата сцена, па сакам да ги поканам сите оние кои ме среќаваат на улица и често ме прашуваат „добро, кога ќе има претастава на голема сцена, сакаме да ве гледаме на голема сцена“. Ќе има место за сите, дојдете утре вечер на удобните столчиња на битолскиот театар- рече актерката Викторија Степановска Јанкуловска.

Режијата е на Џон Блондел, шекспиролог од Санта Барбара, Калифорнија, кој во изминатите години често пати гостуваше во Битола соработувајќи со театарот на проекти повразни со делата на бесмртниот Шекспир.

-Се сеќавам дека на една од првите проби со Џон пред неколку години тој ја запре пробата и ни кажа:„за мојата екипа со која ја работам во Америка да ја доведам во вашата природна емотивна состојбa и темперамент правам еднонеделни работилници за да ги поттикнам другите американски актери да бидатона што сте вие природано. Многу сум возбуден кога ќе видам што се случува кога вие ќе заиграте на сцената тоа е една цела експозија на чувства„- рече актерката Маја Андоновска Илиејвски, интерпретирајќи поранешен настан со режисерот.

Претставата утревечер е со почеток од 20 часот.DSC 7081

По ова од понеделник Битолскиот народен театар започнува со подготивка на роденденската претстава која ќе се игра на 14 ноември, а ќе ја спремат со сопствени средства. Тоа е претставата „Крвави свадби“ од Лорка, во режија на Љупчо Ѓорегиевски. Овој режисер досега има добиено бројни награди за своите режисерски остварувања, а минстата година „Кралски игри“ во изведба на Битолскиот театара и негова режија беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот „Војдан Чернодрински“. За жал, во изминатите години не беше меѓу поекспонираните режисери на битолската театарска сцена.

-Во подготовки сме на прослава за 73 роденден на театарот, која ќе трае од неколку дена- рече новиот директор Иван Јерчиќ.

Според најавеното, се очекува прославата по повод 73 роденден на театарот да биде поразлична од роденденските изданија во минатите години кога актерите и другите вработени од театарот на сцена играа, пееја и промовираа други таленти. Тоа на почетокот беше многу интересно и повелече голем публика, но сличните изданија последните години доаѓаа како реприза и го спласнаа интересот кај публиката.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани