2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Офицерскиот дом во Битола нема да се заградува со никакви огради и ѕидови, посочуваат наделжените. На одредени места, според проектот, ќе бидат поставени  потпорни ѕидчиња во висина од околу 30 сантиметри кои се дел од партерното уредување и за кои е добиено конзерваторско одобрение. Тие се подигаат со цел да биде заштитено земјиштето, а парцелата останува отворена за целата јавност.  Во тек е партерно уредување на просторот околу објектот за што е изработен проект и одобрен од службите за заштита на културното и историско наследство. 

 

По повод 18 април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, утре, сите музеи и локалитети во земјава ќе бидат отворени со бесплатен влез за посетителите.

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, прогласен од ИКОМОС, а прифатен од УНЕСКО се одбележува во целиот свет, како и кај нас. Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигање на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, на заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.

Годинава, фокусот е на темата „Промените на културното наследство“, која ги опфаќа прашањата за културното наследство кои се отвораат со климатските промени.

Во вторник, на 18 април очекуваме голем одзив кај јавноста, зашто македонската култура и уметност имаат светско археолошко богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.

Отворени ќе бидат вратите на националните установи, заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и Струмица, на Стоби и Хераклеа, Спомен куќата на Тоше, Археолошкиот музеј, Националната галерија со сите свои објекти, Музејот на современата уметност, Музејот на македонска борба, Историскиот музеј во Крушево, Уметничката галерија во Тетово, „Др Никола Незлобински“ во Струга, Музејот на Западна Македонија во НОВ, во Кичево, Музејот на Тетовскиот крај, музеите во Куманово, Гевгелија, Природно-научниот музеј, Музејот на Северна Македонија.

Битолчанецот Матеја Зволу во 1911 година нарачал пијано од Штутгарт, Германија, по повод раѓањето на неговата ќерка Афродита. Дека ова не бил единствен случај, потврда е и клавирот марка „ербар“ произведен во Виена, кој го купил Данаил Бобол во 1931 година за роденден на својата ќерка. И семејството Спростран за женското чедо порачало клавир од Виена, кој пристигнал со воз, пишува Факултети.мк. 

 
За разлика од народните приказни каде што се кажува дека кога ќе се роди женско, и стреите плачат, во старите битолски имашливи семејства имало друга практика - за чупето да се нарача музички инструмент од европските метрополи. Тоа не само што го покажувало чувството кон класиката што пред повеќе од еден век се негувало во градот на конзулите, туку и желбата на родителите нивните деца да бидат музички образовани.
 
 
- Интересно е што имале таква практика да купат клавир за своите ќерки, некои по нивното раѓање, а други за роденден. Ова е периодот од втората половина на 19 век и почеток на 20 век кога Битола станува центар и економски се издигнува. Овие навики покажуваат колку Битола била развиена и нејзините жители сакале сѐ што е европско да го имаат тука. Но, секако, тоа можеле да си го дозволат побогатите семејства, кои претежно се занимавале со трговија - вели етнологот Наде Геневска-Брачиќ, кустос советник во Заводот и музеј – Битола, која во 2007 година беше вклучена во истражувањето на фондот на клавири со кои располага Битола.
 
Наде Геневска-Брачиќ, етнолог
 
Клавирите - симбол на семејниот статус во општеството
 
Дел од овие инструменти во оригинал, донирани или откупени, ги има пет и уште десетина други на постери, денес ја красат Собата на клавирите во Националната установа Завод и музеј во Битола.
 
- Клавирите се вид статусен симбол за граѓаните или за битолската градска елита. Тоа го потврдува и присуство на чувство за музика, за уметност, за нови текови и збиднувања зашто ние имаме и други инструменти и метални плочи од Бах и Бетовен, што укажуваат дека луѓето во градот имале љубов кон музиката и имале соодветно музичко образование. Од тој аспект, клавирите даваат една поинаква слика на градот - вели Мери Стојанова, директорка на Завод и музеј - Битола, етнолог и кустос-советник во установата.
 
Мери Стојанова (лево), директорка на Завод и музеј -Битола
 
Битола беше град на клавирите, но бројката од 300 останува мит
 
Поставката е трајна и ја открива приказната зошто Битола некогаш била наречена град на клавирите. Некои хроничари романтичарски тврдеа дека ги имало 300, но етнолозите регистрираа помалку, сепак, вредни примероци кои зборуваат за музичката традиција на градот во кој денес има и музички училишта. Во истражувањето биле евидентирани под сто клавири во сопственост на битолски семејства. Но, бројката е значајна зашто не ги опфаќа инструментите набавени во последните 50 години, а сигурно би била поголема доколку се преброеја порано.
 
 
- Многу семејства со болка ни кажаа дека клавирите им ги одзеле за време на национализацијата. Но, тоа биле турбулентни времиња, војни, востанија, па имало и фамилии кои си заминувале, ги оставале инструментите, а потоа не можеле да си ги земат. Има и еврејски семејства кои оставиле клавир на чување, па не се вратиле назад - додава Геневска-Брачиќ.
 
Дел од збирката е и клавирот „пол сенф“ од 1870 година, произведен во Берлин, кој беше сопственост на Радио Битола, а на него композиторот Кирил Македонски ги создаде првите опери во Македонија - „Гоце“ и „Цар Самуил“. Потоа, концертниот клавир од 1854, изработен во Минхен, чиј сопственик бил Емерих фон Бетси од Виена, донесен во Битола во 1970 година, а го донира новинарот и библиотекар Драган Ристевски. Потоа концертно пијано „фердинанд карл“, произведено во 19 век во Виена, сопственост на семејството Лозанче, како и клавири од француските мисионерки, па од цркви и од образовани институции.
 



Наскоро собата ќе се реновира

 
Собата на клавирите својот зародиш го имаше во 2007 година кога на Денот на музеите беше поставена изложба на постери, идеја на тогашниот директор на Заводот, Зоран Николовски, а во тимот беа вклучени етнологот Геневска-Брачиќ, графичкиот уметник и сликар Владо Ѓоревски и фотографите Елена и Ицко Бојациеви. Потоа, со донираните клавири прерасна во трајна поставка која може да се посети секој ден од 8 до 18 часот. Директорката Стојанова најави и нејзино реновирање.
 
 
- Во рамките на новиот проект што го започнавме во септември лани, преку ИПА-повикот за прекугранична соработка со Албанија - Smart for you 2, главните инфраструктурни зафати во Музејот ќе бидат конзервација на Пациото и реновирање на дел од музејските поставки. Со оглед на тоа дека одамна беше отворена Собата на клавирите, а не е докрај музеолошки обработена, тој дел заедно со другите каде што се изложени иконите ќе биде комплетно реновиран, ќе добие поинаков музејски лик - рече Стојанова.
 
 
Собата на клавирите е веднаш до големата постојана музејска поставка со над 2.200 изложени предмети кои го следат историскиот развој на Битола и регионот. Ова е еден од најпосетените музеи во државата, а најчести гости се Турците поради Спомен-собата на Ќемал Ататурк.
 
 
 
 
 
 
 

Инспекцискиот надозр од ДЗСИ констaтирал недостатоци во врска со лекувањето и третманот на родилката В.К. чие машко бебе почина по породувањето во Клиничката болница во Битола. Од Инспекторатот соопштија дека за константираните недостатоци  ќе бидат изречени прекршочни мерки за д-р М. В  за правното лице и за одговорното лице во правното лице врз основа на чл.48-а ст.1 т.1 и 2 и ст.2 и 3, а во врска со чл.6 од Законот за евиденции во областа на здравството. Исто така, за д-р М. В ќе биде изречена и прекршочна мерка по чл.313  ст.1 т.2 од Законот за здравствена заштита.

Во врска со стручниот дел од лекувањето и третманот на родилката В. К и нејзиното починато новороденче  ДСЗИ сега посочуива дека ќе иницира стручен надзор, согласно чл.296 од Законот за здравствена заштита.

Државниот санитарен и здравствен инспектортат вчера изврши вонреден инспекциски  надзор во Битолската болница  во врска со лекувањето и третманот на родилката В.К  после кое дошло до смрт кај нејзиното новороднче. Од увидот во медицинската евиденција и документација која се води во пишана и во електронска форма, како и од изјавите дадени од докторите гинеколози – акушери кои учествуваа во лекувањето и третманот на родилката констатираное дека родилката В. К прв пат се јавила на преглед во установата  на ден  08.04.2023г .Прегледот е извршен од дежурниот лекар на одделението за гинекологија  и акушерство д-р М.В.

На ден 09.04. 2023 год. пациентката е примена на одделението за гинекологија и акушерство со  искреиран упат  од истиот дежурен  лекар кој претходно го извршил прегледот,. Бил направен запис за прием и отворена  историја на болеста. По изјава на  дежурниот лекар , пациентката била примена на одделението поради болки. Бил направени ЦТГ записии земена крв за биохемиска анализа со потпис од дежурниот лекар д-р М.В. По приемот на пациентката на одделението за гинекологија и акушерство на 09.04.2023г во утринските часови, по изјава на д-р М.В дадена и е терапија, по што е пуштена дома поради тоа што „раѓањето не било започнато“, пациентката била отпуштена дома со препорака  доколку се јават болки или прскање на воденикот, да се јави на одделението. Во медицинската евиденција не се внесени дадените препораки и нема отпусно писмо. Исто така нема евидентирано анамнеза и статус на пациенката од страна на дежурниот лекар кој го извршил приемот.    

 По изјава на лекарите специјалисти по гинекологија и акушерство кои биле  дежурни во наредната смена ,на ден  09.04.2023г, пациентката В.К околу 14.00 часот се јавила на одделението и по извршениот клинички преглед во амбулантата направен е ЦТГ запис во 14.15 часот По препораката за прием заради отопчнато породување, со оглед на утврдената состојба при извршениот преглед, констатирано е дека  за неа веќе е отворена историја на болест . Пациентката е примена во предродилна сала, направен е ЦТГ запис во 15.00 часот и извршено е породување по природен пат со употреба на вакум екстрактор при излез. Дежурните лекари во наредната смена изјавуваат дека при примопредавањето на дежурството не им било пренесено дека за пациентката В.К претходно е отворена историја на болест  и извршен прием на одделението, ниту пак во рапортната тетратка на докторите или медицинските сестри е евидентиран приемот на истата во ноќните часови.

За време на породувањето присутен е и специјалист педијатар – неонатолог Од увидот во неонатолошкиот картон за лекување и третман на новороденото на В.К констатирано е дека уредно се пополнети сите рубрики. Родено е живо машко дете со АПГАР 2. По неуспешна 10 минутна реанимација од страна на неонатологот, повикан е анестезиолог и контактирана е  ЈЗУ УК за детски болести и побаран е транспорт со инкубатор. И покрај упорната реанимација во траење од 2,35 часа во 18.25 ч. констатирана е смрт на новороденото од страна на присутните лекари специјалист педијатар – неонатологот и специјалист анестезиолог. Телото е предадено на обдукција со пополнети потврда за смрт и лекарски извештај за причина за смрт, а во пријавата за породување истото е  нотирано .

Докторите специјалисти кој учествувале во лекувањето и третманот на пациентката и новороденото имаат лиценци за работа кои се во рок на важност.

Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Француската Алијанса од Битола и ООУ “Даме Груев“ – Битола заеднички го одбележаа празнувањето на католичкиот и православниот Велигден. Следната недела ќе се одбележи и празникот Бајрам.

Денеска учениците од различни религии имаа можност да научат како се прославува Велигден, научија за католичкиот Велигден на македонски и на француски јазик преку квиз и награди, заедно боеја јајца и на крај имаа мала авантура низ Библиотека да бараат каде се скриени малите чоколадни јајца. Декорираните јајца се изложени во холот на библиотеката.
Следната недела следува нова работилница за празникот Бајрам.
 
„Мултикултурализмот и адресирањето на меѓуетничките односи во нашето општество претставуваат основа за меѓусебното разбирање и градењето на кохезивно општество. Со денешната работилница сакаме да упатиме јасни пораки за соживот и заемна почит меѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, напредок и благосостојба на сите ученици од различни религии. Заедничките чествувања на празниците имаат за цел да се надминат разликите, да се почитуваат традициите, културата, обичаите, да се дружиме, да има повеќе комуникација, а преку тоа да има и поголема безбедност и доверба помеѓу граѓаните“, истанаа од НУУБ„Св. Климент Охридскии“ од Битола. 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани