2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од неговите клупи излегоа стожерите на македонската економија, јубилејот ќе го слават со свечена академија, документарец и публикација.

 
Истакнат професор по политичка економија на Економскиот факултет во Скопје, на времето, при полагање испит ги прашувал студентите на кого во средно училиште му имал предавано професорот Татарчевски во Битола и дали имал петка? Се јавила студентка која потврдила дека имала само петки кај него. Универзитетскиот професор ѝ рекол: „Дај ми го индексот да ти пишам осумка или можеш да полагаш за повисока оцена“. Оваа анегдота која зборува за солидниот наставен кадар и успехот што го постигнувале учениците во средното економско училиште „Јане Сандански“ од Битола се раскажува до денес, објави Факултети.мк.  
 
Од 30 до 155 ученици во прва година
 
Училиштето, од чии клупи излегле стожерите на стопанството и економијата не само во Битолско, туку и на ниво на држава, годинава слави еден век постоење. Во изминатото столетие, од моментот кога удрило првото училишно ѕвоно до денес, низ школото минале исто толку генерации колку и години. Првите ученици што сакале да се образоваат за трговци првпат седнале во клупите во далечната 1922/23 година во тогашната Средна трговска школа, сместена во денешните простории на училиштето „Гоце Делчев“ во центарот на Битола. Лимитот на запишани ученици бил 30 и школувањето траело само две години. Тоа било во времето на поранешното Кралство на СХС, кога тогашните власти процениле дека крајот има услови за стопански и трговски развој, па неопходна била едукација на продавачи и трговци.
 
Учениците што завршувале имале висок углед во општеството поради нивната стручна подготовка. Имале најповолни можности за вработување во трговијата, поштите, банките, осигурителните друштва... На некои работните места им биле резервирани уште пред завршувањето. За неколку години, училиштето прераснало во четиригодишно, а по ослободувањето - во економско „Јане Сандански“. Од 1974 година преместено е во адаптираната зграда на воената амбуланта при поранешниот југословенски гарнизон во Битола, каде што остана до денес.
 
 
Училиште со фамилијарна традиција
 
Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ денес редовно се одржува. Има енергетска фасада, спортска сала, реновирани подови, променета дограма, ЛЕД-осветлување, солиден училиштен ентериер, па дури и влез, лифт и тоалет за ученици со попречености. Ако некогаш учеле триесетина ученици, денес само во прва година ги има 155. Иако бројката на средношколци во Битола се намалува, училиштето успева да го зголеми приливот во прва година. Во училиштето има вкупно 530 ученици. На одморите врие како во кошница. Скалите низ објектот се испишани со ученички пораки, на ѕидовите висат фотографии од проекти, како и таблоа од изминатите генерации.
 
- Овде учеа мајка ми и татко ми. Тука се вљубија, тука ги стекнаа познавањата од економските науки и двајцата заминаа на Економски факултет. Брат ми заврши пред пет години во ова училиште, а сега учам и јас. Цела фамилија сме економисти. И повторно да одбирам, би го избрала истото училиште. Нѐ подготвува за сопствен бизнис - вели Марија Ј., ученичка во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола.
 
Директорот Александар Цветковски, кој е на чело на школото пет години, потврдува дека ова е училиште со традиција. Покрај тоа што опстојува сто години, во него со генерации учеле цели семејства. Така е и кај него, неговите мајка и сестра, па и тој учел тука, а сега и неговата ќерка пројавува интерес да се запише во средно економско.
 
 
Пракса во приватни компании под водство на ментори
 
- Ова училиште поттикнува индивидуалност и креативност. Нашата мисија е да направиме институција која ќе биде препознатлива на пазарот на трудот, односно со средното училиште учениците да се оспособат да одговорат на предизвиците на пазарот на трудот. Ставаме акцент на праксата. Учениците во прва и во втора година се оспособуваат, од трета година одат на пракса, склучуваме меморандуми за соработка со фирмите. Учениците ја извршуваат праксата под надлежност на ментор од компанијата и заедно со професорот учествуваат во креирањето на оценката за вештините што ги стекнал ученикот на работното место. Потпишани се над 70 меморандуми и со практичната настава се опфатени 220 ученици - вели директорот.
 
Во училиштето се едуцираат образовните профили економски техничар, деловен асистент, новата насока е-трговија и е-маркетинг. Училиштето има постигнато многубројни успеси, и тоа: втора државна награда на натпреварот по економска географија, втора награда за изработка на бизнис-планови, со спортските успеси традиционално се први или втори во градот, солидно постигнати успеси на натпреварите во банкарство, повеќе Еразмус-проекти и друго.
 
 
Од големи професори излегуваат и големи интелектуалци
 
И денес се раскажува за големите професорски имиња што оставиле траен белег во образованието во Битола, а предавале во економското училиште. Од Доне Стојчевски по географија, кој имал одлична меморија и без да пишува оценки паметел кој ученик што кажал, Нада Димовска по историја, Љупка Балојани – професорка по македонски јазик и поранешна директорка на школото, Томислав Ристевски, поранешниот пратеник, Благој Тошевски-Бага, Ѓорги Татарчевски, Томе Велјанов, Василе Дранговски, Снежана Анастасовска, па професорот Низамов по економски науки, кој знаел и многу јазици, па Цаглевиќ, Налбанти и други.

Од овие клупи се излезени познати директори на стопански капацитети, економисти, банкари... Од Тодор Чаловски, поранешен директорот на „Јавор“, Димче Стефановски од поранешната „Битолска пиварница“, Пеце Илиевски-Пуеро од „Жито Битола“, Вангел Торков од „Фустеларко“, па сѐ до денешни директори, меѓу кои и Гордана Балтова во Стопанска банка –Битола.

 
Прослава на стогодишнината
 
Стогодишниот јубилеј училиштето ќе го слави на патрониот празник, на 22 април, со свечена академија, публикација и документарец.
 
 
- На свеченоста ќе ги поканиме сите пензионирани и живи професори, луѓе од стопанството, ќе организираме музички и ораторски дел и забава за младите. Во тек е снимање на документарец за училиштето и објава на публикација, слична таква имаше на 50-годишнината. Потоа ќе следува отворен ден за да ни дојдат основците во училиштето и фирмите, да покажеме дека ова е едно од училиштата на иднината за младите - рече директорот Цветковски.

Со културни, спортски и едукативни настани, во организација на повеќе здруженија и во соработка со општината, во Битола, се одбележа Меѓународниот ден на Ромите.

На 6 април, Здружението за развој на ромската заедница “Сумнал“, во  кафе-бар “Порта Џез“ одржа настан насловен “Биди и ти како…“ на кој присуствуваа млади од ромска, но и други националности, кои дадоа пример за меѓусебното дружење, школување, но и соработка на разни проекти. На настанот, учество зедоа млади Роми кои придонесуваат во нашиот град и претставуваат примери за успешност на младите луѓе. За време на настанот, претседателката на здружението „Сумнал“, Фатма Бајрам Аземоска, му врачи благодарница на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за особен придонес кон развојот на ромската заедница во Битола.

Вчера, во склоп на проектот БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, имплементиран од страна на италијанската меѓународна организација COSV, Општина Битола, и Фондација Преда плус, а во соработка со „Ромалитико“ и фудбалскиот клуб „Топ Гол“ од Битола, беше организран Фудбалски турнир на машки и женски екипи. Турнирот со кој се поттикнуваат спортски активности кај ромското население го отвори, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски.

 роми

роми2

Денес, точно напладне во организација на Здружението „Ромска ѕвезда“, на Плоштадот Магнолија, се одржа културно - забавна програма со голем број учесници. Настанот го отвори, градоначалникот Коњановски, испраќајќи искрени честитки до ромското население и посакувајќи уште многу заедничка и успешна соработка во повеќе области:

„Ми претставува чест и задоволство да го честитам Меѓународниот ден на Ромите, а со овие настани го потврдуваме она што со години го промовираме, дека Битола е мултикултурна, мултиконфенсионална, дека во Битола, пријателите и луѓето не ги делиме ниту по боја, ниту по политичка припадност. Имаме свои пријателства уште од рано детство, но и нови кои секојдневно ги стекнуваме. Како општина, правиме се да ги подобриме условите и за овие наши сограѓани, како во делот на инфраструктурата, така и во делот на образованието, да спречеме сегрегација и меѓусебни поделби, односно, она што мојата генерација го имаше некогаш, да се биде со своите другари во исто одделение, тоа треба и понатаму да го промовираме, зошто само заеднички можеме градот да си го промовираме во најдобро светло“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, испраќајќи искрени честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите.

роми4

роми3

Општина Битола, во рамките на повеќе проекти и во соработка со повеќе здруженија, овозможува поддршка за различни активности и проекти, меѓу кои се и: реновирање на домаќинства на ромското население, ангажирање на тутори за поддршка на ученици Роми, како и поддршка за дооформување на средното образование на возрасни лица - Роми.

роми5

 

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на четири книги од проф. д-р Златко Жоглев кои се наменети за најмалите. Прекрасната литература за деца преточена во четири книги проза: „Портокаловото човече“, „Зајко Бајко и кучето Трајко“, „Мечката и штркот“ и „Снаодливото јаренце“ беа промовирани пред преполната сала. Настанот го водеше проф. д-р Билјана Граматковски, а пред љубителите на пишаниот збор за книгите зборуваа проф. д-р Гордана Стојаноска и проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска кои во кратки црти дадоа осврт на книгите. Сите присутни, од најмали до највозрасни уживаа во интерпретацијата на стиховите од страна на студентките Димитра Десановска и Ивона Вурмевска од Педагошкиот факултет- Битола. Професорот Жоглев инспириран од својата мала внука Дениција ги креира овие книги во кои се сместени илустрации за секој што ја има книгата да може да ужива во читањето и боењето.

339953199 558430473055116 5785744000492637598 n

339724723 191803143614804 8174246455707134708 n

Досегашниот генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски си поднесе оставка од прв човек на компанијата поради лични причини.

„Оваа го имавме разговарано уште во текот на минатата година, дека има потреба да се посвети повеќе на своето семејство поради големите работни обврски што ги поминува секој менаџер во една ваква криза во голема компанија која ја снабдува цела држава со електрична енергија. До мене усно, а утре и писмено ќе биде доставена оставката која ќе биде усвоена на следната седница на Влада и ќе биде препорачано нов директор на ЕСМ да биде избран Васко Стефанов, досегашен директор на Пошти, а претходно на Водостопанство, во приватниот сектор, менаџер во техничка логистика на Техничкиот факултет, со големо менаџерско искуство“, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција  за годишниот извештај на АД ЕСМ за 2022 година.

Премиерот му се заблагодари лично на Ковачевски за вложениот труд во менаџирањето на компанијата во исклучително тешката ситуација поради енергетската криза, трпеливоста, знаењето и трудот што тој и останатиот  менаџерски тим го вложија во снабдувањето на државата  со електрична енергија. 

И министерот за економија Крешник Бектеши му се заблагодари на Ковачевски за големиот труд и истакна дека има само позитивни зборови за вработените во РЕК, ЕСМ и Ковачевски. 

„Моја заложба и на претседателот на Владата беше да го убедиме Ковачевски и другите членови на УО да работат до завршувањето на кризата  и денес сме во ситуација каде имаме позитивни резултати од ЕСМ кои не беа очекувани ако зборувавме пред шест до осум месеци. Но, тие покажаа дека компанијата може да се носи со енергетската криза“, рече Бектеши.  

Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката на ООУ „Коле Канински“-Битола, Дијана Толевска Христовска.

На овој состанок се разговараше за активности кои се опфатени со меморандумот и ќе бидат приоритет во соработката на овие две институции, се со цел подобрување на наставниот процес и користењето на библиотечните услуги. Преку работилници, настани, трибини планирано е активно вклучување на учениците и наставниот кадар од ова училиште во активностите на библиотеката која секогаш ги прати актуелните интереси и проблеми на кои треба да се стави посебен акцент.

Пазарџиите од Новиот пазар во Битола бараат државата да им дозволи во следните три дена да ги продадат веќе набавените земјоделски производи по старите цени зашто ги купиле по повисоки уште пред да биде соопштено дека ќе бидат замрзнати.

„Ќе се уништи земјоделството со овие цени. Тоа што беше стигнато од увоз го набавивме, нас никој не не информира дека ќе бидат замрзнати цените, научивме преку медиуми во понеделникот во 16 часот, а ние на тој ден од сабајле ја порачуваме робата. Владата требаше да не извести една недела претходно за да можеме да ја продадени робата. Како ние сега да ги помириме давачките по 10 000 денари за тезгите кога ни за леб не можиме да извадиме?

Нека не остават овие два-три дена да нема инспекции да си ја продадеме робата што скапо ја плативме. Доматот го купивме 94 денари како сега да го продаваме 70 денари. Требаше прво да се стопира царината каде што врват шлепери што стигаат на кванташки пазар, па доаѓаат во Битола“, рече Валентина Мицеска претставник на пазарџиите од новиот пазар ви Битола.

Тие нивните барања ги испратија до Јавното претпријатие „Пазари“ во Битола, Општината и Владата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани