2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Битолската библиотека се одржа настан за претстваување на книжевниот портрет на Јордан Плевнеш, поет, драматург и романсиер, амбасадор на нашата држава во Франција, Португалија и Шпанија.

Беседа одржи проф. д-р Кристина Николовска која истакна дека е чест да се беседи за великанот Плевнеш. „Свеченост е да се слави грандиозникот на големиот македонски духовен и твроречки подвиг. Оној кој земјата и традицијата, речта и јазикот ни ги воскрена на највисоко“, рече таа. 

Воедно, истакна дека е општественик, дипломат, амбасадор, афирматор на македонските вистини во светот, добитник на многу престижни награди. За Плевнеш рече дека е жител на светот, кој живее, твори и гласноговори и во Париз и во Скопје, но и низ метрополите на светот, оти каде и да стапне со своите дела - создава културни престолнини.

Проф.д-р Христо Петрески, претседател на ДПМ, на Плевнеш му постави десет прашања, чии одговорија зборуваа за него како личност. 

 

Во рамки на одбележување на 22 мај Ссветскиот ден на биолошката разновидност, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката Елена Мирчевска од Зоолошка градина - Битола.

Целта на меморандумот е заемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието, културата и билошката разновидност, учество, соработка и реализација на заеднички проекти, одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции. работилници за едукација на животни, читање приказни со тема за животни и многу други активности.

Во скоро време следува нова активност преку која сите читатели на Библиотеката ќе можат да уживаат со книги во ЗОО Битола. 

По повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност во просториите на НУУБ “СВ. Климент Охридски“ Битола се реализира работилница „Природа убавина”, каде гости беа учениците од четврто одделение од О.У. „Гоце Делчев“ - Битола со своите наставнички. На настанот присуствуваа и Петар Ставрев – новинар и Сашо Ставрев – фотограф и двајцата љубители на природата. Тие успеаја на еден начин да им ги доловат наједноставните и најважните делови за заштита на природата, а посебно растенијата, животните, водата во неа и надвор од неа и сето тоа поддржано со слики, звуци од природата, растенија од природата (посебно лековити растенија) и слајдови на кои меѓу другото учениците се запознаа и со водата и заштитата на цела флора и фауна во природата.

Со тоа учениците целосно се запознаа со биолошката разновидност и се извлече заклучок дека кон природата треба да се однесуваме како кон скапоценост која не ни е дадена само нам, туку ние треба да ја чуваме и негуваме за идните генерации. Работилницата ја реализира библиотекарката Јасминка Кочевска.

348673795 1327573237854610 9064158941917534973 n

347139700 260420906529785 2696479277555128857 n

348605501 2648297498645999 54819044028902595 n

Проектот на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за изградба на велосипедски патеки на две од најголемите сообраќајници во Битола не доби зелено светло на Совет. Сите други советници гласаа воздржано сметајќи дека проектот не е комплетно изработен. Не беше изгласана измена на програмата за економски развој и од буџетот не се обезбедија над половина милион евра за реконструкција на тротоарите на улиците „Васко Карангевски“ и „Партизнска“каде се предвидуваа патеките.

На презентација на проектот, Борче Галевски, градежен инженер- проектант од Јавното претпријатие за урбанистичко планирање рече дека ова е проект за реконструкција на тротоарот од едната страна на улицата „Васко Карангелевски “до спојот со кружниот тек кај Веро, но не и конкретно за изградба на влеосипедкси патеки кои би се правеле подоцна. На тротоарот од три метри, два ќе останат за пешаци, 80 сантиметри за влеосипеди кои ќе бидат одделени со линии од по 10 сантиметри. Но, во предвидените 500 000 евра нема трошици за велосипедкси патеки.

Од Поинаку гласаа воздржано зашто проектот е само делумно сработен и нема јасни податоци колку дрвја и зеленило ќе бидат исечени. Претседателката на Совет, Габриела Илиевска рече дека на прашањето кога ќе бидат готови велосипедските патеки, ѝ било речено писмено да се обрати до градоначалникот. „Кога јас како претседателка не можам да добијам одговор, тогаш како граѓаните би знаеле за каков прокет се работи“, рече таа.

Иван Чулакоски од Поинаку рече дека проектот е наменет за реконструкција на тротоарите, друи потоа ќе се прават велосипедски аптеки, а досега е предвидена една на Васко Карангелевски само во една насока.

Жаклина Наумовска, советничка од СДСМ, изјвија дека ова наликува на проектите од времето „Миле ми текна“ или на фамозната влеосипедска патека што екс градоначалникот Владимир Талески ја исцрта со бели линии низ пешачката зона на Шеталиштето.

Заменик градоначалникот и коориднатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Бојкоски, рече дека од страна на советничките групи се случи класичен пуч кон љубителите на велосипедизмот и дека битолчани ќе видат вистинското лице на оние кои се лицемерни.

„Зеленилото нема да биде оштетено. Ќе има само реконструкција на постоечката состојба на пешачката патека, некаде минимално проширување и врз основа на одобрениот сообраќаен проект од 2014 година, се изработува градежно конструктивен прокет. Кога ќе бидат реконструирани патеките истите ќе бидат обележани за велосипеди. Некој сака тука тезите да ги извртува“, рече Бојкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека точката ќе ја предложaт и на наредната седница.

„Исто така имаме и една порака до сите велосипедсти во градот да не се обесхрабруваат бидејќи нивната желба за Битола да има велосипедски патеки ќе биде реализирана. Покрај сите административни препреки кои Битола ги има во изминатите години за Битола да добие велосипедски патеки денес бевме сведоци дека покрај административните препреки имаме и политички препреки од политички партии кои не им е гајле за велосипедисти“, рекоа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Од шлемови до чизми, обезбедени се десетици комплети заштитна опрема за пожарникарите од петте пелагониски општини Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен. Опремата е набавена преку проект за прекугранична соработака со Грција импелементиран од Пелагонискиот плански регион во координација со Министерството за локална самоуправа.

„Оваа опрема ни беше навистина неопходна и ја добивме во вистинскимомент токму кога опремата што ја имаме беше истрошена, па стигнавем во ситуација да баравме од други места за да се снаоѓаме. Приостигна во точен момент и ќе бидеме добро опремени’, рече Горан Димкоски, командир на Противпожарната единица од Битола.

Таа доби 32 комплети интервентни заштитни одела, чизми, ракавиции и 32 парчиња заштитни шлемови за интервенција во урбана средина. Ианку, располага со 13 возила и е добро екипирана со 42 вработени пожарникари кои годишно во просек имаат 700 до 800 интервенции, со исклулчок на 2022 година кога биле само 450.  

Градоначалникот Тони Коњановски изрази надеж дека годинава ќе започне изградбата на новиот противпожарен дом во Битола.

„Како локална самоуправа насоечни сме кон создавање на соодветени услови за работа на Противпожарната единица со изградба на нов противпожарен дом во касарната на површина од 1495 квадратни метри. Основниот проект е изготвен и предвидува содржина од 12 фази, меѓу кои архитектура, водовод, канализација, машински инсталации и друго, како и соодветени елаборати кои се однесуваат на оваа градба кои се специфични. Во моменов проектот е во фаза на ревизија’, рече Коњановски.

Изградбата на новата протиовпожарна зграда е еден од капиталните прокети што ги вети сегашната локална власт преводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, кој е и претседател на Пелагонискиот плански регион рече дека донација за опрема на противпожарните единици изнесува 117 000 евра, а за Прилеп се обезбедени 30 комплетни униформи за шумски пожари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани