2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Финансиска поддршка од државата за исплата на долговите во училиштата и изградба на стадионот „Под Тумбе кафе“ вети премиерот Зоран Заев при денешната посета на Општина Битола. Долгот на битолското образование што го наследи новата локална власт е над 4 милиони евра, а Заев најави дека за подмирување на обврските ќе се искористат средства од Европската банка за обнова и развој.

Општина Битола во соработка со Јавното претпријатие „Нискоградба“ започнаа со санација на патот до манастирот „Св. Атанасиј“ во село Црнобуки.

 Патот досега беше калив и тешко прооден, а со санацијата на триста метри од него се очекува да се подобри инфраструктурната поврзаност со манастирот. Активностите предвидено е да завршат во текот на оваа седмица.

Силно невреме со врнежи од град со големина на орев ја зафати Преспа попладнево. Се очекуваат големи штети кај јаболкниците.

„Невремето ги зафати селата што гравитираат околу Ресен, и тоа на кај Евла, Болно, Дупени, поранешниот блок на Агроплод каде што сега се наоѓаат приватни парцели и други места. Силно врнеше град, на почетокот суво без дожд. Ги исчука јаболката по повеќе пати, некаде удирани се и по десетина пати, а мали се колку лешник. Се очекуваат големи штети“, се пожалија жители од Ресен.

И минатата година во овој период Ресенскиот регион беше погоден од град кој предизвика големи оштетувања кај овошките.врнежи

Пишува Татјана Гогоска, 

Во исчекување на Втората полуфинална вечер на годинешниов Евросонг 2018, кој се одржува во Лисабон, Португалија после минатогодиншната маестрална победа на  Салвадор Собрал (Salvador Sobral)  со неговата Amar pelos Dios, и со спласнати први адреналисни емоции по Првата полуфинална вечер на која повторно доживеавме дебакл решив најодговорни да се огласам.

Поминаа осум години од моето заминување од Македонската Телевизија а од местото на Шеф на делегација на Евровизија -11 години, а се огласувам сега како главен и одговорен уредник на Порталот www.kulturno.mk. Во овој долг период, иако понекогаш давав изјави на новинарски прашања или по некое гостување, бев повеќе нем набљудувач, на тоа што тимот на Македонската Телевизија, која го работи овој проект веќе 11 години, го прави т.е. не го прави како што треба.

каролина

2007 Хелсинки – Каролина Гочева – “Мојот свет “

За да нема недоразбирања, Шефицата на делегација Мери Попова, јас прв пат ја вклучив како музички уредник 2007 -ма година на Евровизија, верувајќи во неа и како музички новинар и како вреден професионалец. За другите инволвирани и нема да зборувам од две причини. Не сакам да зборувам за тим кој упорно греши, не знае да работи и нема доблест да го признае тоа. Второ главниот диригент на овoј проект е токму Шефот на делегација, т.е од него зависи како ќе го осмисли домашниот избор, и како и кого ќе вклучи како автор, кореограф, костимограф, новинар и се по ред т.е. диригентската палка како ќе ја држи.

И ако во светот “Тимот кој победува не се менува”, кај нас важи обратното правило Победничкиот тим се уништува а “Тимот што губи не се менува”.

Како познавач на Евровизијата најмногу ми е жал за уништените многу млади, млади, возрасни и повозрасни изведувачи на кои во овие години, непрофесионалниот однос, неработењето и незнаењето, како треба да се изработи еден Евровизиски проект, тимот на МРТ им напштети. Дали нивната кариера само што беше почнала, беше почната или докажана, фидбекот за сите беше негативен. Да се сетиме на Даниел Кајмакоски, Јана Бурчевска, Некст тајм, Тамара, Тијана, Ѓоко Таневски …и не знам кого не споменав до годинешните Ај Кју. Во овие единаесет изданија на Избор на песна за Евровизија , единствено влезе во финале Калиопи првиот пат со одличната песна “Црно и бело ” (2012)  и нејзината изведба која беше далеку подобра од нејзиното второ појавување на Евровизија (2016). Да споменам тука, Европа ако си одличен тоа го наградува. Правдањата дека не мразат, дека не  гласаат за нас нарочно, се само бледо правдање и наоѓање изговор. 

Европа сака квалитет и го почитува од секого кога ќе го понуди.

калиопи 2012

“Црно и бело ” – Калиопи (2012)

Е, сега ја прашувам Мери Попова, зарем за 12 години одење на Евровизија не научи како таа функционира? Зарем не сфати дека за Евровизија не се бира тим поради другарство и дружба, туку заради квалитет ?! Десет години ист кореограф кој докажано прави бледи украдени сценски копии. Екипа на музичари која се сведува на пет- шест  од нив. Новинар ( самонаречен ПР), која е недоучена и не знае да го прави тоа како што треба во Европа, костимограф кој секогаш нешто погрешно прави а за коментатор не сакам да коментирам. Зошто нешто не смени, туку упорно се оди со истата пријателска непрофесиопнална шема?

Зарем не ви е срам кога утредента после невлегувањето во финале станувате обичен Евровизиски фан, веќе не сте дел од Шоуто, имате само билети за концертите и шетате?

Зарем не Вие е срам од народот, и останувате уште цела недела на нивен трошок без никаква причина, на екскурзија која некој незаслужено ви ја плаќа и тоа без да сака? И така со години!

Зарем не Ви е срам од самите себе?

Подоблесно е да се признае дека не се знае да се сработи проектот, отколку упорно да се прави нешто на штета на други и на штета на народот, оној кој ве плаќа! А за што? За прошетки низ Европа? Не дека не е убава, ама Ви препорачувам да се повлечете и да оставите некој друг тоа да го прави. Можеби знае подобро !

http://kulturno.mk/2018/05/10/evrovizijs-na-makedonski-nacin-timot-koj-gubi-ne-se-menuva/

Не само што Македонци ја посетуваат Кападокија, туку и жителите од оваа туристички позната област од турската покраина Анадолија се почесто ја посетуваат Битола. Деновиве на паркингот кај спортската сала се истоварија три автобуси со над стотина Кападокијци со цел да ја разгледаат Битола и посебно архитектурата останата од османлискиот период.

Туристите со самото стапнување во Битола наиода на пријателски прием. Музиканти од Битола ги пречекаа свирејќи им ја песната „Ај мастика, мастика“ од Мухарем Сербезовски. Туристите расположено манаа по еден чочек на паркингот и им фрлија по некое евро на музичарите.

Првиот весник на територијата на Македонија во турско време излегувал во Битола. Весници во тогашен Манастир се издавале три-четири години пред тоа да се случи во Скопје.

Според информациите што битолскиот студент по новинарство во Анкара, Мартин Николовски, ги испати до нашата редакција, првиот печатен медиум во Македонија во Отоманската империја бил издаден во градот Манастир ( Битола) во 1873 година.

Триесетина осмооделенци од основните училишта во Битола се вклучија во акцијата „Моето прво парче“ преку која се запознаваат со вештините на иглата и конецот. Тие учат подетално како да ракуваат со овој прибор, да крпат, шијат, везат, да работат гобленски бод, техники од кои дел веќе исчезнаа низ годините и младите намаа интерес за нив.

Кога ви доаѓа да врескате, кога сите ифтири ќе ги фрлите на оној другиот кој ,,ви направил нешто,,, на оној со кој никако неможете да се договорите, а морате, пример, партнери, деца, роднини, колеги, шефови, газди, пријатели итн. , прашајте се дали имате тенденција секогаш вашето да е правилно - нивното погрешно?

Дрво на книгата е поставено во холот на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски во Битола“. На гранките од дрвото прикачени се листови со имиња на најновите наслови набавени во Библиотеката, како и книги што ги препорачале читателите. Во понудата се „Валкано црвено“ од Тарин Фишер, „Кралска измама“ од Стив Бери, „Те нема никаде“ од Јелен Бачиќ Алимпиќ и други. Ова е креативен начин да се привлечат што повеќе читатели и да им се помогне при изборот на книги.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани