2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Дали сме за ЕУ?

Доручекот в хотел ќе не издаде.

Не сме!

Мојот драг Чепреганов вели дека многу од работите се запишани во нашата колективна меморија. На пример ГЛАДОТ кај Македонците. Долго, долго сме биле гладни, или ненајадени, или поткаснати, сити скоро никогаш, барем до пред неколку десетлетија. Тоа се запишало во нашата колективна меморија.

ГЛАД.

И денес колективната меморија вели дека сме сеуште гладни, иако по некои податоци 30-40% сме со прекумерна тежина. Ама, ние сме гладни и кога сме сити...или така ни се чини.

Одиме како туристи во хотел надвор од Македонија. Спиење со појадок на репертоарот. Појадок од бајките. Странците си земаат едно чинивче со мусли, го попаруваат со врела вода, или најпосно млеко и си доручкуваат. Потоа кафе (или чај) и за крај едно мандаринче, по можност најмалото. Толку за доручек. Ќе поткаснат нешто попатно, за вечера во некој ресторан.

НИЕ.

На доручек во хотелот одиме со најголемата расположива торба, чанта или што и да е, но никако да не е провидна. Стратегија. Доручкуваме: две јајца на око, едно во кајгана, едно варено (ако остане, ќе му го однесам на маж ми дома, не се расипува по патот), 4-5 путерчиња (па Мегле се, дома сум на Кристал маргарин), банана, портокал, мандарина (јаболко-не благодарам, преку глава ми е од ресенски јаболка), три-четири кроасани, 5-6 лажици павлака, кафе (ако не ми се бендиса, ке си порачам друго), сувомаснати од сите видови (дома купувам по 50 грама), па кашкавалќе од сите видови, вода-не благодарам, има џус, лажица мед, малку мармалатче колку за проба, а за почеток голема овошна салата. Да, да, сето ова за доручек.

Ја јадиме овошанта (тешка е за транспорт), потоа некое сендвиче, а сето останато го прибирам во онаа големата, непровидна торба која си ја носам намерно, од дома, ама кога келнерот ќе се заврти со грбот кон мене. Се снабдувам со јадење за цел ден, бесплатно, се разбира. Не ќе одам по ресторани кога овде е бесплатно. Е сега, треба малку лукавост, ама ја имаме.

ГЛАДНИ СМЕ И КОГА НЕ СМЕ. Тоа ни е во колективната меморија.

ЕУ? Далеку сме од ЕУ. Треба да се научиме и во хотел, како дома, да јадеме како луѓе.

И ова да не заборавам. Додека се сликаме по белосветските чудесии, торбата со доручекот од хотелот, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ни е преку рамо. За секој случај, да не ни се пријади!!!

Ученици од четврто оддечение од ОУ „Елпида Караманди, под менторство на нивниот одделенски наставник д-р Фанче Јошевска подготвија изложба по повод престојниот празник 4ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а посветена на битолскиот вајар Сотир Димовски. Пред почетокот на настатанот ученици од Музичкото училиште свиреа инструментална музика. Учениците заедно со наставничката Јошевска вајаа фигури и непосредно пред „11ти Октомври“, а истите ги изложија денес.
Традиционално за значајнитe историски датуми од НОАВМ приготвуваат соодветни активности и ОО на СБМ-Битола ги поздравува ваквите значајни настани кои не потсетуваат на трагата што некој ја оставил.

Рели трка низ книга за учениците од основните училишта „Тодор Ангелевски“ и „Гоце Делчев“ организираше Австриската библиотека од Битола која е сместена во Универизитетската библиотека „Св. Климент Охридски“. Преку креативна игра учениците се потикаа да читаат книги од германското јазично подрачје, но и стекнаа знаења како да пребаруваат литератира од Австрската библиотека.

„Во рамки на Месецот на книгата организираме работилници со ученици основци и средношколци. Идејата за вакви средби со ученици е да се запознаат со начинот како да пребаруваат во Австриската библиотека, како да се снајдат со сигнатурата, да ја напишат, да ја донесат на шалтерот, да изнајмат книга и да читаат“, рече д-р Валентина Илиева, раководител на Австриската библиотека во Битола.

Делови од Пелагонискиот Регион, посебно местата што ги спојуваат рамните со високите делови од земјиштето се подложни на свлечишта, изјави Милорад Јовановски, професор на Градежниот факултет во Скопје на денешната обука за јакнење на капацитетите за справување со природни непогоди во организација на Центрот за равој на Пелагонискиот плански регион.

„Пелагонискиот регион е подложен на свлечишта, не во рамните делови, туку во контактните делови со планинските региони, во делот кон Пелистер, делот каде што поминува делумно хидросистемот ‘Стрежево’, кај Ниже Поле има оштетување на патот. Во ободниот дел да го наречам на Пелагонискиот регион има доста такви појави. Обиколницата на Битола година и пол беше прекината поради санација на свлечиште“, рече Јовановски.

Фирмата „ВИА“ ДОО од Вевчани ќе ја изведува реставрацијата на Офицерскиот дом. Во документот од Централниот регистар што го извади Апла.мк, како сопственик на фирмата се води Марица Угриновска, а не како што се шпекулираше на социјалните мрежи дека тоа е фирма на Крсто Мукоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој на 27 април ги отвори вратите за толпата да влезе во Собранието. И на договорот за реставрација потпишан е Ѓорги Угриновски, кој во Централниот регистар е заведен како едно од овластените лица во фирмата.

Офицерскиот дом се чисти и подготвува за реконструкција. Мајстори од Битола и Вевчани веќе ги исчистија внатрешните простории на Офицерскиот дом од ѓубре и ги ги искорнаа штиците од подот кои беа руинирани. Велат дека ќе подолжат со реконструкцијата и дека ќе биде се средено од дограмата до фасадата.

Деновиве, во радиус од нецели два километри, има четири активни градилишта на кои граѓаните секојдневно се сведоци, изјави на денешната прес конференција советничката Жаклина Наумовска од СДСМ.

Таа рече дека се реновира Офицерскиот дом, откако постапката за истиот законски беше испочитувана.

„Иако претходната власт го стави на продажба, едно од најглавните ветувања кое го дадовме пред битолчани го остваривме- Офицерскиот дом не само што ќе остане на битолчани, туку тој ќе го врати стариот лик“, рече Наумовска.

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

По завршувањето на секое мое предавање, учесниците пополнуваат фидбек кој е анонимен. Kако се менува мојот пат, така и темите кои ги бараат се менуваат. Читајќи ги повратните информации забележав дека повеќе од 50% бараат наредното предавање да биде посветено на стравот. Размислувам... многу често и сама себе се прашував како би изгледал мојот живот ако не би чувствувала страв? Замислувам како ,, слободно би дишеле“ ако сме доволно храбри да се соочиме со сѐ што доаѓа, со црното сценарио во нашата глава, со тоа што ќе не пресретне, а не сме го барале и не сме биле спремни - болест, смрт, несреќа, разделба, егзистенција, развод, страв од иднината, од осаменост, неуспех, паничен напад, од самиот живот, од емотивно повредување...ги има над милион.

Само за момент помислете на сите стравови кои ве прателе низ животот до сега. Дефинирајте го најголемиот страв, она што го има приматот сега. Освестете се дека постои во вашето тело. Во кој дел од него? Што точно чувствувате додека мислите на него, што можете да проектирате во вашиот ментален простор и слушате истовремено? Колку долго е присутен тој страв во Вас?

Волшебна формула за стравот не постои. Колку повеќе му се опирате, толку повеќе ќе биде присутен во вашиот живот. Стравот понекогаш е десна рака на егото кое ти вели дека не си доволно добар да успееш. И нема магија која ќе ви помогне да го уништите целосно, но има начин да го прифатите како дел од себе и да слушате која е смислата на неговото постоење во Вас. Затоа што иако не изгледа така, се има своја смисла.

Да се биде на границата меѓу живот и смрт не е толку честа појава низ животот, па затоа не зборуваме што би правеле со стравот и стресот кој од него се појавува. Нити пак зборуваме за реален страв кој нѐ штити од повреди и кој покренува акција кај нас (да се тргнеме од улица за да не загинеме од брзиот автомобил). Стравот за кој овде зборуваме може да е креација во нашиот ум или да е поттикнат од околности во кој се наоѓаме. Кога така размислуваме добро е да се прашаме : Што во најлош случај може да ми се случи ако се оствари ова од што се плашам? Тогаш го замислувате најцрното сценарио, го прифаќате и му погледнувате во очи на стравот. Од тој момент се прашувате себе: Ако сум доволно храбар/а да се соочам што би направил/а во врска со тоа да го решам или прифатам тој страв? Се генерираат акции и можни решенија. Трето: Што е тоа што уште утре можам да го направам, кој е тој мал чекор поради кој би се чувствувал дека се движам. Дефинираш еден чекор кој го правиш уште другиот ден. Секој ден правиш по еден чекор кон целта – да му погледнеш на стравот в очи. Додека попатно се поврзуваш со стравот и знаеш дека не е случајно тука, дека неговото постоење е за да те штити од нешто. Последно се прашуваме: Дали во овој живот кој нема реприза сакам да го негувам овој страв до крајот?

Пример: Некој (а тој некој, бев јас некогаш) има страв од јавен настап. Кога ќе се прашате : Што најлошо може да ми се случи? Можно е да добиете одговор- да ме исмеваат ако погрешам нешто, да се блокирам, парализирам. Првиот чекор е прифаќањето дека тоа може да се случи. Нареден чекор-акција.

Она што се крие зад стравовите обично се уверувањата кои се во нашата основа, во нашата слика за себе, а ни ги всадиле трети лица или произлегуваат од тоа како ние се однесуваме према нашите триумфи и порази, како и (не) довербата што ја имаме кон самите себе. Но, не е доволен само текст туку учење,длабинско разбирање на самите себе и нашите досегашни искуства.

Следното предавање со фокус на СТРАВОТ како нормална емоција и перцепција на опасноста која може да се менува со промена на разбирањето и учењето ќе се одржи во ноември.

Пишува: м-р Билјана Галовска НЛП тренер & коуч

Од четвртокот до вчера, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот равој, ги исплати субвенциите за предадено млеко и оризова арпа во износ од 195 милиони денари. Од оваа сума 153,4 милиони денари се за редовна субвенција за предадено кравјо, овчко и козјо млеко на 6 742 сточари и 41,4 милиони денари за дополнителна субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа на 1 130 земјоделци, соопшти Медотија Илиевски, начаник на Подрчаното одделение за земјоделство во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани