АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Излегуваш од граница на Македонија и одма се соочуваш со трагиката на своето слепило при очи.
Хрватска, од границата со Србија до Пула. Повеќе од десет часови пат. Држам очи опулени, како дете пред продавница за чоколади и се прашувам:
-зошто во мојата држава не се селата „да ти е милина да ги гледаш“ како овде,
-зошто во мојата држава нема патокази на патиштата на секои 500 метри како овде,
-зошто во мојата држава нема патишта, овде во сите 10 часа пат, цел пат е како на филм,
-зошто во мојата држава нема ветробрани, снегобрани, или кај нас нема снег и ветер,
-зошто во мојата држава нема вистински мостови, како овде помеѓу Риека и Пула (во градба) и
-зошто во мојата држава нема чисти гуми на тракторите, како овде?
И прдолжувам да се прашувам зошто на потегот помеѓу границата и Пула не видов на ниедно место ѓубре, ѓубришта и ѓубралници?
А зошто од Битола со Скопје покрај патот нема место каде нема исфрлено ѓубре, нема ни еден контејнер, ниеден, ама баш ниеден? Ете затоа се чуствувам слепа при очи. И, кога ке заседнеш дома, ќе мислиш дека така треба.
Ова е сонот на слепиот човек.
Пишува Светлана Петковска, НВО активист
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)
Од 201 невработен битолчанец колку што биле интервјуирани, дури 119 лица не се пријавени во Агенцијата за вработување или 59 проценти, покажа истражувањето на Младинскиот центар од Битола вклучен во проектот „Активни заедници за социјални промени“ финансиран од ЕУ.
„Во истражувањето беа вкучени 201 невработен битолчанец, од нив 126 граѓани се долгорочно невработени што покажува дека сериозен е проблемот со невработеноста. Анализата покажа дека од 201 интервјуирано лице, 82 се регистрираат во Агенција за вработување во Битола како баратели на работа. А од нив само 18 знаат дека имаат право да користат мерки и услуги кои ги дава Агенцијата“, рече Маја Ангеловска од МКЦ Битола
Класнето, Марија Магдалена Петковска Микаровска, со своите приврзаници ги исчисти дворовите на старата општинска зграда и објектот каде што порано беше сместен штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се објекти кои веќе подолго време не се користат, а несовесните битолчани ги претворија во ѓубралници и јавни тоалети.
„Денешната акција си беше пред старата Општина. Објект во срцето на градот, а по наше, собиралиште на луѓе кои не внимаваат кај гнасат, а и никој очигледно никако не ги опоменува. Најдовме шишиња купишта, ѓубре, јадење, разградена мачка, пикавци милјарда, грмушките кои треба да се декоративни, се уствари канти за ѓубре, преполни внатре... Додека работевме, си помина кул тип и си уринираше во срцето на градот. Можи го доживуваат како јавно wc еве не знам како поинаку да разберам“, напиша Петковска Микаровска на својот фб профил.
Во акцијата се вклучија ученици од Француската алијанса предводени од Каролин Потеле Златевска, која на својот фб профил напиша: „Пред овие две прекрасни градби, згради на поранешни конзулати и екс-општина, смрдено, со измет, стакло, шприцеви, алишта, пластика, оставени во најцентар на градот.. запуштени и заборавени. Сум поминувала и со туристи и најмногу на тоа се чуделе. Како можат две вакви со историско значење да бидат толку запуштени“.
Учесниците во акцијата се прашуваат како и зошто е можно да се дозволи историско вредни објекти да се испустат? Апалеираат да се обноват и да бидат атракција за туристи, а не веце!
Инаку ова се објекти во приватна сопственост и Апла.мк летово пишуваше за нивната запуштеност.
Здравомислечкиот и образуван свет, во последниве дни се соочи со највеликолепниот изблик на совремниот фашим на балканските простори по Втората светска војна и колежите при распадот на Југославија. Имено пред неколку дена најпрво со декларација од 8 точки излезе Македонскиот научен институт, а потоа со своја декларција излезе и Владата на Република Бугарија. Ултимативните барања кои се наведени таму се однесуваат на тоа дека: македонскиот јазик не постои, ослободување од термините „бугарски фашистички окупатор“, негирање на постоење на македонско малцинство во соседните земји, барање за приложување на наставните програми по историја и географија пред бугарските институции. Поентите на МНИ и бугарската влада се совпаѓаат во огромна мера, што пак ни говори дека тоа претставува една огранизирана политичка акција и затоа во овој текст парафразирано се претставени заедно, како интегрален текст.
Ненавлегувајќи во историските факти, податоци и процеси, бидејќи секој што се занимавал со историјата како наука или стекнал образование во било која од општествено хуманистичките науки, знае дека ваквите барања, не смеат и не треба да се дискутираат. Овие барања, немаат основа да воопшто поставени на дискусија, бидејќи нивната основна суштина е предрасудата дека другиот односно ние, не постоиме. Ваквиот однос не само што не е научен, не е во склад со цивилизациските достигнувања на човекот, отскокнува од мултикултурниот принцип на кои е втемелена Европска Унија и идејата за заедништво на европските народи. Појавите од овој тип можат единствено да бидат предмет на осуда од секој трудбеник и здравомислечки човек. Овие барања се фашизам од прв до последен збор! Обид за наметнување на туѓи идеи, во извесна мисла ставање под протекторат, погибија на слободната мисла и слободниот човек.
Нашето достоинство, образование, одговорноста кон општеството која секој посебно како единки ја носиме, нѐ обврзува да водиме бескомпромисна борба против секој вид на угнетување, маргинализација, против секое кршење на човековите права. Да водиме борба против етноцентризмот, национализмот, непродуктивните и ненародни политички реформи, кои го заробуваат народот во прангите на сиромаштијата, правејќи го роб на политичките малверзации. Да ја градиме критичноста, да го подигнеме степенот на квалитет на образованието, бидејќи само образован и самосвесен човек може да биде безкомпромисен борец против современите крикови на фашизмот.
Борбата против сиромаштијата, експлоатацијата, борбата против современите заблудени глави кои го воспеваат фашизмот, се ситат на убиените и измачуваните, со цел постигнување некакви повисоки расни идеи за чисти држави, не е прашање на одлука, туку прашање на нужност. Константната борба со фашизмот на сите полиња во секоја сфера од општественото делување, е должност на секој свесен, образован, здраворазумен и критичен човек. „Ко челик сме ние“ во борбата пред која не смееме да попуштиме, борбата од која не смееме да се откажеме.
Доколку ставот на европските земји оди во насока на поддршка на фашистичките сни на Бугарија, тогаш тоа повеќе од јасно говори дека Европа е трула одвнатре. Тоа не е Европа за која сме читале во делата на Шуман, не е Европа на Русо, Хегел, Шилер, ова е по се изгледа, Европа на Хитлер и Мусолини. Да не заборавиме дека политиката на толеранација кон германските активности и политики од страна на останатите европски земји, доведе до милионски жртви.
Жртви кои ни оставија аманет да спречиме идни крвопролевања. Балканскиот човек сака стабилност, добро работно место, поволни услови за живеење, работа раст и развиток. Бесцелните замајувања, ширењето на етноцентризам, фашизам и империјализам не придонесува кон никаков цивилизациски прогрес, напротив истиот го разградува и уназадува.
Политиката на покорност и толерација на ваквите политички појави и барања, говори за нашата негрижа, нашата цивилизациска неодговорност, нашето измеќарување и ретерирање пред глупоста на силата. Ова не е патриотизам, ова не е борба за подобра иднина. Патриотизмот не е во знамињата, зборовите, симболите, патриотизмот е во работата. трудот, унапредувањето на земјата и животот. Патриотизмот е во слободата. Слободата, свеста, одговорноста кон позитивните достигнувања во науката, кон достигнувањата на цивилизацијата, кон човекот како битие. „Човек, колку тоа гордо звучи“. Интелектуализмот не е во ходниците на универзитетите, не е меѓу купените кецели, разните хартии и титули, интелектуализмот е во слободата на мислата, во здравиот разум, во храброста да се искаже ставот, кога тишината може да убие.
Васко Гичевски студент на Институт за историја при Филозофски факултет, УКИМ Скопје
(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)
Учениците и одденската наставничка Јасмина Танчевска од ОУ ,,Елпида Караманди"се меѓу финалистите од 49 училишта во земјава кои подготвија креативни и едукативни игри за да го претстават НАТО.
,,Подготвивме игра меморија, сложувалка со пластични делови со повеќе запченици. Кога ќе се спојат запчениците се врти конструкцијата на која се поставени сликички и знамето на НАТО.Имаме уште една игра за четири ученици со сложување на бои. Секој ученик ја фрла коцката и која боја ќе се падне таа ја поставува на сликичката", рече наставничката Танчевска.