Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во моментот во земјава има 77 ученици и околу 150 наставници позитивни на коронавирус, но бројот се намалува зашто минатата недела имавме 85 ученици. Тоа покажува дека позтитивните оздравиле, а не заболеле нови. Стабилна е состојбата во училиштата, изјави министерката за образование Мила Царовска при денешната посета на СОУ „Таки Даскало“ во Битола.

„Овде видов мотивирани наставници и мотивиран директор кој обезбедува услови за квалитетна практична настава. Го посетив кабинетот на текстилната струка и видов многу позитивни ученици кои тука можат да се остручат за струката која се запишале да ја учат. Ова укажува дека навистина со одлична соработка меѓу локалната и централната власт, но исто и со мотивиран директор и наставници може да се постигне квалитет во стручното образование“, рече Царовска.

Во општина Битола каде има 1464 ученици со физичко присуство, само 5 ученици се заболени од ковид-19 и 7 наставници.

„Ако ова се земе процентуално, потврдува дека и во овие отежнати услови станува збор за успешно справување со предизвикот на денешницата. И во вакви отежнати околности имаме успешно справување со наставниот процес. Се ова што се случува е со добра кооперативност на централната и локалната власт. Конкретно од буџетот на Општина Битола само оваа година за училиштата по сите основи се вложени 685 000 евра. Деновиве училиштата добија трансфер на средства од 330 000 евра по основ на инфраструктурни зафати и подобрување на нагледните средства“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Директорот Владо Ѓорѓиевски изрази благодарност до Министерството за образование и до Општина Битола за инвестиции учичлиштето.

„После долг временски период се изврши реконструкција на покривот на главната зграда и на спортската сала, со помош на Општината обезбедивме брзи услови за изведување на онлајн настава. Набавени се 25 компјутери, кои во брз временски период успеавме да ги снабдиме и да обезбедиме услови за онлајн настава. Физичко присуство има за практичната настава, во училиштето и битолските фирми, другите предмети се следат онлајн. Натсвата се одвива без проблеми“, рече Ѓорѓиевски.

На јавната набавка за изградба на нова детска градинка во Битола, во населбата АРМ (поранешна Касарна), се пријавија 10 економски оператори. Во тек е евалуација на понудите, по што се очекува до крајот на следната недела да биде избран изведувачот на работите.

Јавната набавка се однесуваше на изградба на целосната конструкција на објектот со поставена дограма. Објектот е предвиден да зафаќа бруто површина од 2012 метри квадратни и ќе биде наменет за прием на околу 250 деца. По изборот на изведувачот, ќе бидат определени и фазите на работа на овој објект.

Со изградбата на новата детска градинка, но и со адаптацијата на другите два објекти на градинката Снегулка и дел од поранешниот Мајчин дом, за кои се во тек јавните набавки за изработка на проект, во голема мерка ќе биде намален бројот на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во градинките во Битола.

 Низ улиците во Битола се слави победата на Македонската фудбалска репрезентација над Грузија, со која за првпат во историјата Македонија се пласира на Европско првенство.

Битолчани слават со вклучени сирени на автомобилите,  нив им се приклучуваат сите оние кои во тој момент се нашле низ сообраќајниците во градот.

Додека деновиве се појасно станува дека Бугарија ни застана на патот кон евроинтеграциите, пред Бугарскиот конзулат во Битола сликата не се менува. Секое претпладне во работните денови редици млади луѓе чекаат пред конзулатот со документи во рацете, во најголем дел за да извадат бугарски пасоши. 

 

На 82 години денес почина академик Георги Здравев од Битола, долгогодишен професор по музичко образование на Педагошкиот факултет, диригент и автор на многу книги од областа на музиката.Музичка академија заврши во Сараево, Босна и Херцеговина, беше прв магистер и доктор на науки на Факултетот за учители во Битола,  каде беше редовен професор до своето пензионирање.  Диригент и организатор на повеќе опери и концерти со голем број на познати солисти и оркестри во земјава и странство. Ја изведе првата битолска опера „Орфеј“ во Хераклеја Линкестис Беше автор на повеќе учебници   за средно и високо образование  и повеќе книги од областа на музиката.  Беше академик на Академијата „Платон“ во Бугарија. Добитник на голем број благодарници, признанија и награди, меѓу кои и онаа за животно дело 4-ти Ноември.  Погребот на Здравев е денес на Светонеделските гробишта.      

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани