Анета Блажевска

Анета Блажевска

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола, по добиена судска наредба, денес извршија претрес на дом кај П.Н. во Битола и при тоа се пронајдени четири килограми амфетамин, четири килограми марихуана, околу 4000 парчиња таблети екстази, околу 6000 евра, дигитална вага, прибор за пакување на дрогата и други предмети.

На 78 годишна возраст почина Вељо Тантаров, претседател на Здружението на индивидуални земјоделски производители и поранешен пратеник во Собранието на РМ. Беше одличен познавач на земјоделските состојби и проблеми во земјава, член на земјоделски тела и комисии, чест гостин во медиумите за теми од областа на земјоделството. Во текот на својот работен век работеше како ветеринарен техничар, а беше и новинар во Радио Битола каде ја подготвуваше емисијата за земјоделство, негови текстови беа објавувани и во списанието „Трибина“. Во јавноста ќе остане запаметен како лидер на пелагониските земјоделци. Погребот ќе се одржи утре (сабота) во 12,30 часот во Новаци.

Анита Ангелевска, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и низ годините носител на партиски функции, како и актуелен советник од партијата, денес беше експресно разрешена откако даде изјава во која побара оставка од Мицковски и вонреден конгрес.

Денес во Битола 43 новозаболени, а 20 оздравени. 

Во последните 24 часа се направени 3096 тестирања, а регистрирани се 1064 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 541 -Куманово 57 -Дебар 4 -Штип 46 -Прилеп 24 -Тетово 57 -Струга 23 -Велес 44 -Битола 43 -Охрид 33 -Кавадарци 25 -Гостивар 12 -Гевгелија 11 -Струмица 23 -Крива Паланка 8 -Радовиш 12 -Крушево 2 -Кочани 10 -Пробиштип 4 -Демир Хисар 2 -Македонски Брод 4 -Пехчево 7 -Берово 3 -Валандово 3 -Виница 3 -Делчево 3 -Кратово 2 -Свети Николе 17 -Кичево 25 -Ресен 6 -Неготино 10

Починати се 25 лица, тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75г), тројца од Тетово (46, 77 и 83г), двајца од Прилеп (71 и 79г), еден од Крушево (40г), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62г), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75г), еден пациент од Гостивар (65г), еден од Кавадарци (69г),еден од Крива Паланка (75г), еден пациент од Струмица (70г), еден пациент од Валандово (60г), еден пациент од Пехчево (69г) и еден пациент од Свети Николе (68г). Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти од: -Скопје 163 -Куманово 36 -Дебар 4 -Штип 19 -Прилеп 30 -Тетово 30 -Струга 16 -Велес 39 -Битола 20 -Охрид 21 -Кавадарци 17 -Гостивар 15 -Гевгелија 9 -Струмица 24 -Крива Паланка 2 -Радовиш 2 -Крушево 1 -Кочани 17 -Пробиштип 8 -Демир Хисар 1 -Македонски Брод 1 -Берово 2 -Валандово 3 -Виница 5 -Кратово 2 -Свети Николе 6 -Кичево 9 -Ресен 3 -Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 286.181 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 44898, бројката на оздравени пациенти е 26289, на починати е 1263, а бројот на активни случаи изнесува 17346.

Секторот аналитика и истражување на ОО СДСМ Битола изготви анонимна анкета за општата информираност на граѓаните за превентивните мерки против ширењето на коронавирусот, која беше дистрибуирана преку социјалните мрежи изминатите 4 дена на која вкупно одговориле 906 испитаници. Според полот и возраста на испитаниците беше изработен полово-рамноправен репрезентативен примерок.

„64.8% или 586 од 904 испитаници одговориле дека знаат само некои од симптомите на вирусот, додека пак сите симптоми ги знаат 30.8% или 278 испитаници. На прашањето Дали знаете каде треба да се обратите во случај да имате некои од симптомите карактеристични за вирусот, одговориле 902 испитаници. Од нив, најголем дел односно 54.8% или 494 изјавиле дека мислат дека знаат каде, но не се сигурни. 354 или 39.2% изјавиле дека знаат каде да се обратат додека 54 или 6% изјавиле дека не знаат каде да се обратат“, рече портпаролот Невена Димовска.

393 или 43.5% од испитаниците изјавиле дека ги знаат повеќето актуелни мерки за заштита од коронавирусот, 33.4% изјавиле дека ги знаат сите мерки, 195 или 21,6% изјавиле дека знаат само некои од мерките, а само 5 испитаници изјавиле дека не ги знаат мерките.

„На прашањето: ‘Дали ги почитувате мерките за заштита од коронавирусот’, најголем дел од испитаниците изјавиле дека ги почитуваат сите мерки, 36.2% изјавиле дека ги почитуваат повеќето мерки додека 9.5% или 86 испитаници изјавиле дека речиси и да не ги почитуваат мерките. Ни еден испитаник не изјавил дека целосно не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот“, додаде Димовска.

64.9% или 586 од испитаниците изјавиле дека луѓето во нивното опкружување не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, додека само 12.3% или 111 испитаници изјавиле дека луѓето во нивното опкружување ги почитуваат мерките. Високи 83.9% од испитаниците изјавиле дека се навремено информирани во врска со мерките за справување со пандемијата со Ковид-19, само 0.7% сметаат дека не се информирани навремено.

Најповеќе од испитаниците 52.9% изјавиле дека се информираат преку страницата и/или профилите на Министерството за здравство и 40.8% се информираат преку социјалните мрежи.

На последното прашање од анкетниот прашалник, во врска со владината помош преку 4 те пакет-антикризни мерки 72.1% изјавиле дека се директни или индиректни корисници на помош од Владата. Само 27.8% или 251 испитаник изјавил дека не е корисник на ваква мерка.

Градоначалничката Наташа Петровска запрашана за коментар по вчерашните обвинувањата на опозицијата  од Советот дека училиштата во Битола се одблокирале со пари од државната каса, а Општината не учествувала во тоа, одговори дека не е точно зашто од вкупниот вратен долг од 4,5 милиони евра, од општинскиот буџет беа дадени 1,8 милиони евра.

Оваа учебна година матурантите ќе полагаат матура, па до крајот на ноември треба да изберат проектна задача, а до крајот на следниот месец предмети кои ќе ги полагаат, порача министерката за образование Мила Царовска денес од Битола.

„Да ги поттикнам учениците до крајот на ноември да изберат проектна задача за матурата која ќе се случува оваа учебна година и до крајот на наредниот месец да изберат премети кои ќе сакаат да ги полагаат за матурата. Не сакаме пандемијата да предизвика застој во развојот на нашите ученици кои се нашата иднина токму затоа согласно законските рокови матурата ќе се изврши наредната година. Истата пракса се случуваше во сите земји од регионот и Европа и минатата година, а оваа година ќе се случи и кај нас зашто не сакаме да бидеме исклучок во одредени негативни пракси. Матурата е значајна за утврдување на знаењата, но и за понатамошниот развој на нашите млади граѓани од кои очекуваме понатаму да ја водат држава и економските развој“, рече министерката Царовска.

Инаку, првото полугодие завршува на Нова година, а второто започнува на 21 јануари. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани