Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

По 26 дена од почетокот на ковид кризата во Ресен и Преспа, денеска е прв ден да нема регистрирано ново заболени, туку напротив четворица оздравени. Од ден во ден расте бројот на оздравени паценти во Ресен, каде оздравуваат и по цели кластери. Од почетокот на кризата до денес се регистрирани 124 позитивни на ковид, а трисесеттина се оздравени. 

-Убави вести , денес на територија на општина Ресен нема нови позитивни , а бројот на излекувани се зголемува, потврдува градоначалникот Живко Гошаревски.

Ќе се согледаат можностите за искористување на студентските домови како дополнителен капацитет дололку е потребно за пациенти со ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче. Меѓу студентските домови што ги наброи министерот е и битолскиот. Тој рече дека за тоа дали ќе се користат ќе се води дискусија и прашање е како тоа ќе се изменаџира со Министерството за образование и во зависност од бројот на студенти кои имаат потреба од сместување. 

Филипче изјави дека во Битолската болница има 37 хоспитализирани лица  и има слободни кревети за следните денови. 

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 26
-Куманово 4
-Дебар 1
-Штип 17
-Тетово 9
-Струга 3
-Битола 1
-Охрид 1
-Гостивар 5
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Пробиштип-3,
-Виница 1
-Свети Николе 5

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од:

-Скопје 72
-Куманово 53
-Штип 20
-Прилеп 4
-Тетово 10
-Велес 1
-Гостивар 5
-Пробиштип 2
-Ресен 4
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

 
Здружението на новинарите на Македонија побара од Министерството за здравство да се организира бесплатен скрининг за новинарите и медиумските работници за коронавирусот. Во таа насока ЗНМ  известува дека скринингот продолжува и се проширува, односно сега ќе ги опфати и новинарите и медиумските работници од другите градови. 
 
Секој новинар кој е заинтересиран за да направи скрининг, потребно е да го исконтактира локалните медицински центри/болници од својот град и да договори термин за вршење на контролата. Новинарите и медиумските работници кои ќе сакаат да го направат скринингот со себе треба да носат документ за лична идентификација, како и прес-картичка. 
 
ЗНМ Уште еднаш ги потсетува новинарите  при вршење на своите работни обврски да се заштитат максимално и да ги почитуваат сите протоколи. 
 
 

Променливо облачно претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме, јавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Пишува: Соња Рилковска

Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24  на 04.07.2020 под наслов „Лазе Таневски сменет од шеф на изборниот штаб на СДСМ?“.

Пишува Жаклина Цветковска

Рецензираме текст со наслов „ После денешната аудио бомба дали станува јасно кој стои зад сериското палење возила низ Македонија?“, кој што е поврзан со објавувањето на аудио материјал, најверојатно снимен нелегално, во која се слуша разговор помеѓу две лица за кои се тврди дека се блиски до семејството Заеви.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани