Анета Блажевска

Анета Блажевска

Битката со коронавирусот на 41 годишна возраст ја загуби ресенчанецот Илче Котевски, претседател на Ракометниот клуб „Преспа“ од Ресен. Спортисти, колеги од цела Македонија, навивачи и други негови сограѓани со неверување се збогуваат со нивниот сосед, пријател, колега чиј живот згасна предвреме.

Пишува: Убавка Јаневска

Текстот со манипулативен наслов „Црни вреќи со банкноти од 500 евра се појавија пред штабови на СДСМ низ градовите во Источна Македонија“ објавен на 23 јуни 2020 година на веб порталот www.bregalnicki.mk е класична дезинформација  напишана врз основа на пристрасност што претставува  спин со цел да ја оцрни партијата на власт и нејзиниот лидер Зоран Заев.

Пишува: Жаклина Цветковска

Порталот dokazmakedonija.mk, на 24.06.2020 година, објави текст со наслов „На Брусалица капиталната инвестиција, растурање на постоечки проекти, овде уништување на игралиштето за голф“,  кој е конфузен и целосно неразбирлив за пораката што ја праќа.

Пишува: Весна Коловска

Краток текст објавен на сајтот bregalnicki.mk под наслов „Жито Лукс“ донесе одлука со која се брише зборот „Македонија“ од нивниот Статут“  јавува за одлука на Собранието на акционери на компанијата „Жито Лукс“ АД Скопје, со која се менува Статутот на друштвото. Сајтот во прилог на текстот ја објавува одлуката за измена на Статутот и ја цитира промената:

Пишува: Соња Рилковска

Рецензираме вест објавена на порталот „Инфомакс“ на 24 јуни со наслов „(Видео) Типично: Лаги, пелтечење и страв, Лукаревска без одговори за проектите на СДСМ“.
Во самиот наслов има вредносни судови кои содржат навивачки тонови кон опозицијата, со тенденциозни коментари. Прашањето кое  е упатено кон Сања Лукаревска, се однесува на патната инфраструктура, а Лукаревска е директорка на Управата за јавни приходи, позиција која е надвор од ресорот за кој што се однесува прашањето.

За 15 дена бројот на зболени од коронавирус во Ресен се искачи на 87, од кои само во денешниот ден има 12 нови случаи со ковид­­- 19 и едно починато лице. Дури кај 85 од заболените болеста е во тек. Откако во Леарницата за алуминиум и цинк во Ресен денес има и еден новозаболен од вработените, утре ќе се прави скрининг на сите 30 вработени. Во оваа општина над 300 лица се ставени под здравствен надзор како контакти на позитивните лица со место на живеење во Ресен.

Согласно Изборниот законик и роковникот за извршување на изборните дејствија за претстојните предвремени парламентарни избори, порталот Апла.мк  ја објавува својата Понуда за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања.

Порталот Апла.мк е регистриран на регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми на Државната изборна комисија.

Ценовникот и останатите елементи од Понудата за платено политичко рекамирање за Парламентарни избори 2020 година, може да се преземат во секој момент на следниот линк:

https://www.apla.mk/cenovnik

Во изминатиов период, Општина Могила изгради и уреди паркови во населените места Лознани, Беранци, Српци, Могила, Добрушево, Дедебалци, Ношпал, Вашарејца, Будаково и Мусинци.

-Зголемувањето и проширувањето на зелените површини како и изградбата на паркови како начин на подобрување на животната средина и квалитетот на урбаното живеење, се едни од нашите најважни приоритети во работата на локалната самоуправа, вели градоначалнилката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

104689224 2839910206266075 7020284270358940452 n

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола,
Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 24.06.2020 година земени се вкупно 952
брисеви за COVID-19 од кои 435 по епидемиолошки индикации, 187 преку упатување
од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки
за скрининг.
Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 127 лица, од кои 41 се со место
на живеење во Битола, 10 во Кичево, едно лице во Демир Хисар и 75 во Ресен. Според
исходот на заболувањето кај 92 лица болеста е во тек (12 од Битола, 6 од Кичево и 74 од
Ресен), 31 лице се оздравени и кај 4 лица болеста имаше смртен исход.
Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек (92 лица), 19 лица се
хоспитализирани.
Во Ресен вкупниот број на заболени лица заклучно со 24.06.2020 година изнесува
75. Кај 74 лица болеста сеуште е во тек (59 лица се на домашно лекување, 15 се
хоспитализирани), додека кај едно лица болеста имаше смртен исход. Над 300 лица се
ставени под здравствен надзор како контакти на позитивните лица со место на живеење
во Ресен.
Центар за јавно здравје Битола

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани