2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На денешен ден, 3 март 1920 година, во селото Лавци, Битолско, роден е Пецо Гудовски.

Наставничката Весна Гагаловска од ОУ „Тодор Ангелевски“, ја доби наградата Најдобри наставници на просторот на бивша Југославија, нови идеи за новото време“.

Педесетина битолчани имаа можност да учат за брендирање од Роланд Симон, бренд стратег и специјалист за маректинг комуникации. Роланд пред присутните на настанот организиран од Пред Плус Фондацијата во соработка со Швајцарската програма за претприемништво поддржана од Швајцарската влада отвори интересни прашања и теми поврзани со една стара констатација дека брендирањето е карактеристика на големите компании.

Момче се повредило при скијање денес на Пелистер и со Брза помош било пренесено во Клиничката болница во Битола. Повредениот е наш иселеник во Америка кој бил дојден на гости и денес скијал на Пелистер.

Од Битолската болница за Апла.мк потврдија дека младо момче било донесено со скрешеница на ногата добиена при пад од скијање.

„Пациентот е згрижен, извршени се рендген прегледи, дадена му е целосна медицинска помош. Извршени се и други прегледи и не е констатиран друг проблем во однос на здравјето“, соопшти Сузана Конеска, портпарол на Клиничка болница Битола.

По кратко боледување  денеска во Битола во 45-та  година од животот почина Нешат Аземoвски, долгогодишен еко- активист и основач на невладината „Биосфера“.

215 ученици од цела држава се натпреваруваа во пет категории на Државното првенство во скијање за основни и средни училишта што се одржа на Пелистер во организација на Федерацијата и Општинскиот сојуз на училишен спорт.

Децата од градинката „Естреја Овадија Мара“ во  Битола заедно со своие воспитувачки, денеска традиционално исукаа мартинки и ги врзаа на нивните раце. 

Тениското игралиште кое е во склоп на објектите Друштвото за гимнастички спортови Партизан – Битола е во крајно очајна состојба. Сликите кои денеска ги направи апла.мк јасно ја одразуваат негрижата, нечистотијата  и воопшто хаосот  во кое се наоѓа овој терен сместен во најубавата  рекреативна зона на Градското шеталиште во Битола. Безмалку дваесет  години со просторот стопанисува Џокер Турист увоз – извоз ДООЕЛ Битола.

Продолжува санацијатана училиштата во руралните средини, информираат од Општина Битола. Градоначалничката Наташа Петровска, денеска посети 4 подрачни училишта кои работат во состав на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица и заедно со директорот Димитар Пипилевски, извршија увид во градежните  активности кои се во тек, а некои се веќе завршени

Утре Ски центарот „Копанки“ на Пелистер е домаќин на два истовремени настани „Пелистерскиот велеслалом“, традиционален алпски куп за деца од 6 до 16 години, во организација на Агенцијата за млади и спорт со техничка поддршка на Ски клубот „Пелистер“ и  хуманитарниот ски - настан со мото: „Излези од маглата и дојди на О2 "во организација на Ротаракт Клуб Скопје-Центар. Двата настани почнуваат во 10 часот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани