2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Спортски реквизити донираше денеска локалната самоуправа за средните училишта во Општина Битола. Обезбедени се по 10 000 денари, така што за шесте средни училишта во Битола беа набавени топки за сите спортови, според потребата за изведување екипна настава по кошарка, ракомет, одбојка и фудбал.

„Завршивме со неколку реконструктивни зафати во училиштата во Општина Битола, во вредност од над 380 000 денари и во таа насока ќе продолжиме и следниот период. Она што е исклучително значајно, покрај реконструктивните зафати, е збогатувањето на нагледните средства во училиштата. Денес сме овде да промовираме опрема, обезбедени се по 10 000 денари за секое средно училиште, исклучиво за намена на спортски реквизити и овозможување на јакнење на спортскиот дух кај младата популација. Како локална самоуправа, овозможивме и во ОУ Ѓорѓи Сугарев да имаме спортски активности на децата кои досега беа инклузивно невклучени во спортските активности, односно децата кои што имаат посебни потреби. Исто така, најавувам дека во следниот период ќе следува парична активност во функција на јакнење на спортските капацитети во основните училишта. Имајќи ја предвид, финансиската состојба на нашите училишта, ова е единствениот начин како би можеле да ја зголемуваме и подигнуваме кондицијата и атмосферата за што поблагопријатна атмосфера на учениците во Општина Битола“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Од општинскиот сојуз на училишни спортови, изразија голема благодарност за денешната донација од Општина Битола, која ќе овозможи и учество на учениците на натпревари во сите спортови.

„Морам да потенцирам дека за првпат од Општина Битола се прави ваков вид на набавка на опрема и значајно е за подготвување на екипите за претстојните натпревари и одржување на натпреварите во сите спортови“, изјави Михајло Трампевски , претседател на ОСУС – Битола. 

Учениците од одделенската настава во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од село Новаци денеска присуствуваа на детската претстава „ Волшебна приказна“ која ја изведе театарот „ Колозов од Скопје.Проектот е насловен како „Прикажување на театарски претстави во рурални средини“.

На овој начин учениците се запознаа со театарската уметност и се дружеа  со познатите актери Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички и Перуника Киселички.

Активноста ја реализира Сојуз на здруженија за рурален развој „Мрежа на Лагови“ во рамките на „Нов културен бран 2018“ поддржан од Министерство за култура на РМ. 

Н.У.Завод и музеј- Битола во рамките на партнерскиот проект "Допир на Уметноста"(Touching Art ) поддржан од Културно наследство без граници од БиХ, преку Фондација Ставрос Ниархос,  презентираше тактилни копии на предмети во Музејот на Зеница во БиХ.

За потребите на проектот беа изработени тактилни копии од двата музеи.

Во рамките на овој проект беа организирани и голем број на посети на културно наследство, работилници со посетители со попречености, слабовиди и слепи лица, во кои беа вкључени стручни лица дефектолози, уметници, едукатори.  Учесниците во работилниците беа присутни и во процесот на изработка на копиите.

Н.У. Завод и музеј во рамките на проектот набави масички и столчиња за работилници.

Доближувањето на културното наследство и музејската поставка до лицата со попреченост институцијата го продолжува и оваа есен за кога се планирани повеќе активности, работилници, проекти, презентации и меѓународна соработка.

Од 30 000 прегледани деца на територијата на Македонија, десет проценти имале проблеми со видот. Овој податок денес на Меѓународниот ден на белиот стап го соопштија од Лајонс клубовите во Битола кои веќе петта година го спроведуваат проектот за рано откривање на проблемите со видот кај малите деца.

По повод Светскиот ден на здрава храна, утре, 16 октомври, вработените и родителите на децата од градинките на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ организираат хуманитарна акција за продажба на домашно приготвена храна, а собраните средства ќе бидат наменети за деца со ретки болести од Битола.

Некои од конзулите во Битола останувале по една до две години, а некои до крајот на животот. Најдолго во Битола останал австро- унгарскиот конзул Франц Едлер фон Кнапич. Тој тука ја доживеал и најголемата радост, раѓањето на неговата ќерка Едле фон Кнапич, но и завршетокот на својот животен пат. Конзулот фон Кнапич засекогаш останал во Битола. Починал во 1886 година, а дваесетина години порано и конзулот Франц Зелнер во 1863 година исто така животот го завршил животот во Битола.

Оригинални фотографии од изложбата „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до Првата светска војна“ отворена во битолски Завод и музеј во организација на Амбасадата на Република Австрија во Македонија, Почесниот австриски конзулат во Битола и Општина Битола..

43570809 1965463887084503 3130967412879392768 n

43951702 585268728556168 6123255532976340992 n

43951418 158752945067676 5696968131788931072 n

43951988 241404633198118 3290469639120748544 n

43952237 1049066008607357 38654791563345920 n

44023306 466190370454980 7582490441526804480 n

44023311 2079896215365417 8856473467751497728 n

44023512 679189102464685 3270470308590518272 n

44023831 323595115040957 4791885245391568896 n

44027760 186582025571018 4999923784648491008 n

44030879 324479395021701 4944054296011341824 n

44028840 301481213782515 6821612031280414720 n

44030854 1910326875703245 5820438073497878528 n

44032309 736529136681918 6004972000500514816 n

44046012 2089053641107658 763827394921365504 n

44052459 2311405715540444 678164392461729792 n

44046029 1562879093857652 6248636142426521600 n

44047546 277425396213714 5880035494963707904 n

44047280 176071986614963 5324589218775695360 n

44060606 2206360169687144 3789183726655635456 n

44106298 444812612711261 705944365486309376 n

44063079 445517109304582 3662971847760150528 n

44130491 443842706140390 7105248716570755072 n

 

 Битола деновиве е домаќи на VII FUTURA Регионален Moot Court натпревар за симулација на судски процеси пред Европскиот суд за човекови права во организација на CIVIL RIGHTS DEFENDERS. На натпреварот учество зедоа осум екипи од Правните факултети од регионот (Битола, Штип, Крагујевац, Бања Лука, Мостар, Зеница, Тузла и Витез).

Натрупаните долгови на општините во областа на образованието, културата и социјалната заштита ќе се враќаат со пари од државната каса. Ваква одлука донесе синоќа Владата на седница на која беше усвоен предлог Ребалансот на Буџетот на РМ за 2018 година. Со ова,  најголема алокација на средства со Ребалансот,  има токму за општините, за кои се обезбедува финансиска поддршка  во висина од 3,020 милијарди денари, односно 50 милиони евра, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани