
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Куферите се продаваат како алва“, вели еден продавач на куфери и патнички торби во битолската стара чаршија, забележувајќи дека, никако не запира иселувањето од градот на конзулите.Не знам, вели дали да се смејам на досетката или да плачам на реалноста, кога еден муштерија дојде да ми побара куфер за во еден правец, раскажува нашиот соговорник кој долги години е дуќанџија во чаршијата.
Според разговорот со неговите муштерии, битолчани заминуваат од државата или со судентски визи за Австралија, најчесто млади од 18 до 25 години и тоа во парови, дечко и девојка, или за Европа и Скандинавија се иселуваат семејни луѓе.
Не само што Македонци ја посетуваат Кападокија, туку и жителите од оваа туристички позната област од турската покраина Анадолија се почесто ја посетуваат Битола. Деновиве на паркингот кај спортската сала се истоварија три автобуси со над стотина Кападокијци со цел да ја разгледаат Битола и посебно архитектурата останата од османлискиот период.
Туристите со самото стапнување во Битола наиода на пријателски прием. Музиканти од Битола ги пречекаа свирејќи им ја песната „Ај мастика, мастика“ од Мухарем Сербезовски. Туристите расположено манаа по еден чочек на паркингот и им фрлија по некое евро на музичарите.
Првиот весник на територијата на Македонија во турско време излегувал во Битола. Весници во тогашен Манастир се издавале три-четири години пред тоа да се случи во Скопје.
Според информациите што битолскиот студент по новинарство во Анкара, Мартин Николовски, ги испати до нашата редакција, првиот печатен медиум во Македонија во Отоманската империја бил издаден во градот Манастир ( Битола) во 1873 година.
По деветти пат во Струга, завчера се одржа торжествената литија (Еордија) со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона. Годинава моштите на Светиот Победоносец Георгиј беа носени од двајца граѓани на Струга и уште двајца од други места, овој пат еден битолчанец и еден охриѓанец. Кирe Божиновски е битолчанецот кој завчера во Струга беше еден од оние кои ги носеше мошите. Моштите беа придружувани и чувани и од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот Манастир.
Годинава литијата беше збогатена и со иконата на Сепречистата Владичица Богородица – Кринска од манастирот Пречиста – Кичевска .
ЈКП „Водовод“ им дава можност на граѓаните кои имаат заостанат долг за вода и тоа по основ на тужени и редовни сметки да го платaт на рати без камата.
Временската рамка во која граѓаните ќе можат да си ги подмират долговите започна денеска
(9 Мај) и ќе трае се до 31 Мај годинава.
-Доколку должниците не се јават во наведениот временски период ќе бидиме принудени постоечките тужби да ги доставиме до надлежните извршители, а исто така за заостанате неплатени сметки ќе се изготвуваат нови тужби, соопштуваат од ЈКП „Водовод“-Битола.
Раководниот тим на ЈКП „Водовод“ Битола најавува дека и во иднина ќе се грижи за своите коминтенти, потрошувачи на вода, преку преземање на мерки кои ќе бидат во интерес исклучиво на корисниците и граѓаните.
Делагации на Сојузот на борци, локалната самоуправа и Славјанскиот универзитет, денеска го одбележаа Денот на победата над фашизмот и се поклонија пред споменикот на НОАВ на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола.
ЈКП„Водовод“ Битола ги известува корисниците на вода дека сметките и фактурите за потрошена вода можат да ги плаќаат покрај на шалтерите на Македонска пошта, на благајната на ЈКП„Водовод“ Битола, интернет порталот за наплата на вода http://vodovodbt.mk и во следните Банки;
Триесетина осмооделенци од основните училишта во Битола се вклучија во акцијата „Моето прво парче“ преку која се запознаваат со вештините на иглата и конецот. Тие учат подетално како да ракуваат со овој прибор, да крпат, шијат, везат, да работат гобленски бод, техники од кои дел веќе исчезнаа низ годините и младите намаа интерес за нив.
Кога ви доаѓа да врескате, кога сите ифтири ќе ги фрлите на оној другиот кој ,,ви направил нешто,,, на оној со кој никако неможете да се договорите, а морате, пример, партнери, деца, роднини, колеги, шефови, газди, пријатели итн. , прашајте се дали имате тенденција секогаш вашето да е правилно - нивното погрешно?
