
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Еден и пол милион денари му исплатила Општината додека на чело бил екс градоначалникот Владимир Талески на Народниот театар од Битола за учество во годинешното издание на „Бит Фест“.
Советот на Општина Битола денеска не ја изгласа реализацијата на краткорочните мерки за справување со загадувањето. Опозицијата предложи Општината во соработка со Агенцијата за патишта да забрани движење на товарни возила во центарот на градот, освен за оние за снабдување со леб и лекови.
Договор за соработка во областа на хирургијата, денеска потпишаа директорите на болниците во Битола, Корча, Албанија и Лерин, Грција. Станува збор за соработка во областа на хирургијата и воведување нови методи на лечење, кои досега не се применувале во овие три болници. Проектот е подржан од европските фондови, а ќе се реализира со врвни едукатори од земјите на ЕУ.
35 годишниот Т.С. од битолското село Граешница го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево во 17,20 часот, се случи на магистралниот пат Битола-Прилеп во близина на Топлчани, при судир на две возила марка „Голф 4“ со битолски регистерски таблички и „Голф “5 со прилепски регистерски таблички, потврди за Апла.мк, портпаролот на битолската полиција, Лефтерија Миленковска.
Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, попладнево оствари прва официјална средба со градоначланчката на Битола, Наташа Петровска, на која разговараа за продлабочување на соработката.
Едно лице загина, а 4 се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи во 17,20 часот попладнево на патот Битола-Прилеп, потврдија од битолската полиција за Апла.мк
Синоќа на паркингот кај „Веро“ маркетот, битолчанец, очигледно имал проблеми со паркирањето. Во градот често се случуваат вакви инциденти или несреќи , а не се ретки и оние кога заради погрешно паркирање, автомобили завршувале во реката Драгор. Според очевидци за среќа нема настрадани од неуспешното паркирање.
(По повод 99 годишнината од Денот на потпишувањето на примирјето во Првата светска војна ја пренесуваме животната приказна на Михајло Куртевски, кој будно ја чуваше секоја педа од Француските гробишта во Битола. Текстот беше објавен во 2005 година, додека Куртевски беше жив. Го пренесуваме изворно.)
Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција:
„Ние посакуваме во сегашноста и во иднина Македонија да биде во регионот, на Балканот, еден камен темелник на мирот. За тоа е потребно единство меѓу Македонците и да се има тој дух на компромис и мир со соседите.
Во 1943 г. во селото Винени, Леринско, Егејски дел на Македонија, е формиран НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“.
