2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Разликата од речиси 14 илјади гласови меѓу кандидатите за градоначалник на Битола, Наташа Петровска од СДСМ и Зоран Илиоски, од ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат дека битолчани избраа живот во Битола и ги казнија погрешните политики на досегашната локална власт, рече Васко Ковачевски, пратеник и претседател на ОО на СДСМ на денешната прес конференција

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола доби сертификат на интернационален CIOFF фестивал и со тоа влезе во семејството на  CIOFF (International Counsil of Organizations of Folklore Festivals and Folklore Arts)  официјален партнер на УНЕСКО, формиран во 1970 година, кој работи за заштита, промоција и ширење на традиционалната култура.

По завчерашниот пораз на локалните избори, владее молк од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Од партијата немаа ни јавно обраќање, а нивниот поразен кандидат за градоначалник Зоран Илиоски до граѓаните се обрати преку фејсбук.

Идната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, дури ни во еуфоријата и среќата од постигнатите резултати, ден по изборите, не ги заборави своите колеги од средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола. Како во времето додека беше професор по математика во ова училиште, таа утринското понеделничко кафе го испи со колегите во училиштето.prof3

Независната листа „Поинаку“ освои две  советнички места во новиот состав на битолскиот Советот. Идните советници ќе бидат: носителката на независната советничка листа Габриела Илиевска и вториот на листата Иван Чулаковски.

Камерта на ТВ Орбис која вчера беше поставена во прес центарт на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, за линковски, во живо, да ги пренесува прес-конференциите на оваа партија, цела ноќ остана заклучена во партискиот штаб.

orbis kamera3

Поранешен вработен во Општина Битола, сега пензионер, утрово отишол во зградата на Општината и  свирејќи со свирче ја најавил победата на Наташа Петровска на вчерашните локални избори.

Нашата работа ќе биде видлива, транспарентна и отчетна. Советот ќе биде подршка на новиот градоначалник, но и коректив на нејзината работа, на работата на општинската администрација, порача Валентин Груевски , носител на листата на СДСМ и коалицијата.

-На 16 октомври  да го почестиме Талески со едно големо сиктер кафе, како симбол дека тој, неговите пајташи и политиките кои ги водеше никогаш повеќе не смеат да и се случат на Битола, порача Груевски во изборната кампања.  

СДСМ и коалицијата-17 советнички мандати, ВМРО-ДПМНЕ -11, „Поинаку“ -2 советника, и коалицијата на Албанците „За Битола“ -1 советник, ваква е сликата од вчерашното гласање на шестите по ред локални избори во Битола за новиот состав на Советот на Општина Битола.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани