Анета Блажевска

Анета Блажевска

Проблем во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем. Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК Битола, по што започнаа операции за враќање во функцијата на двата блока. Се очекува во претпладневните часови постројките да бидат повторно на мрежа и да испорачуваат електрична енергија.

Општина Битола, ги известува граѓаните, дека од утре 06.10.2023, започнуваат активностите од следната фаза за изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет „Бегова чешма“ до Национален парк „Пелистер“, во должина од 522 метри, во вкупна вредност од 4.416.470 денари.

Детскиот хор “ЅВОНЧИЊА” подари  на учителите  една посебна порака на  благодарност по повод Светскиот ден на учителот  со  детска песна Мојата учителка 

Нема пропсути во третманот на 17 годишниот Анес Абдуловски, момче со аутизам, при неговото лекување во Психијатриската болница Демир Хисар, констатираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по вонредниот инспекциски надзор што го иницираше директорката Рената Младеновска. Од таму потврдија дека за време на неговиот престот тој бил фиксиран и врзуван, но не со синџири туку со кожни и платении фиксатори поради неговата изразена агресија посебно кон женскиот дел од пациентите во установата. Од адолесцентното одделние бил префрлен на акутниот машки оддел во соба за фикасција на пациенти со насилнилко однесување

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани